Трансформирање на негативните емоции во патокази за подобар и посреќен живот

од  |  0 коментари

Во нашата константна потрага по среќа, не постои пократок пат по кој би можеле да ги избегнеме негативните емоции. Реалноста е дека непријатните чувства не само што се неизбежни, тие исто така имаат големо влијание врз здравјето и добросостојбата.

Кога дозволуваме нашите негативни емоции да станат извор за срам и вина, често не можеме да ги согледаме бенефициите кои можеме да ги добиеме од нив. Негативните емоции можат да бидат доста моќен каталист за позитивни искуства и реализации, доколку добро одговориме на нив.

angeer
Лутината и гневот можат да бидат претворени во креативност
.

Негативните емоции често може да ја успорат креативноста, но научниците сугерираат деека негативните емоции може да се искористат како тригер за кеативност.Истражувачите на Ghent University- ги проучувале навиките на 100 креативни професионалнци притоа оценувајчи ги нивните емоции од почетокот до крајот на денот.  Откриле дека оние кои го започнале својот ден со негаативни емоции но го завршиле со позитивни го имале најголемиот креативен аутпут. Негативните емцоии можат да помогнат подобро да го трасирате својот пат до креативност, преку подлабоко истражување на проблемот и пронаоѓање на решение кое доколку сте биле сречни и во својата комфорна зона можеби и не би можеле да го откриете.

gratitude2
Промените во животот често се поттикнати од нeгативни емоции

Едно од најголемите клишеа ‘’она што не може да те убие може да те направи посилен’’ има и своја вистина во своето значење. Најголемите предизвици во животот можат да бидат можности за значаен личен развој и раст. Често голем дел од најголемите стравови поврзани со здравјето стануваат предупредувања за нова перспектива и насочување кон вредностите во животот и она што суштински не прави среќни. Ваквите неочекувани но и непосакувани ситуации во животот се дел од нештата кои не освестуваат и од кои може да се извлече голема животна поука.
Неочекуваните промени во животот можат да не натераат да избереме нова насока во нашата кариера или пак кон нов правец во животот.  Негативните емоции во случај на големи животни промени или ‘’освестување’’  во поглед на здравствената состојба можат драстично да го подобрат начинот на кој се гледаме себе си, семесјтвото, пријателите, работата, стилот на живот, навиките но и светот околу нас и притоа да ни помогнат сето тоа да го трансформираме во нова позитина слика која ќе ни овозможи да се подобриме на сите тие полиња.

coma

Срамот може да ни помогне да сочувствуваме

Срамот е болно чувство на понижување или вознемиреност вкоренето во верувањето дека сме дефицитарни- често предизвикува избегнување и градење на врски со другите поради чувство на страв дека тие ќе ги забележат недостатоците кои ги прикриваме. Срамот има позитина страна- може лесно да се надмине и притоа да се изградат силни врски во кои ќе станеме сочувствителни и ќе бидеме посвесни за своите но и емоции на другите.

Срамот не може да постои кога постои емпатија, кога постои сочувство, кога постои верување дека не сме сами.
pesims

Песимизмот може да не направи попродуктивни

Светлата страна на начинот на кој ја гледаме полупразната чаша секогаш се асоцира со оптимизмот односно песимизмот.
Во дадени ситуации дефенсивните песимисти односно лицата кои имаат тенденција добро да проценат и да направат ментална слика што би тргнало во надолна линија во одредена ситуација имаат подобри перформанси од стратегиските оптимисти во голем број на задачи. Негативното размислување за некои од последиците кои можат да се случат во одредена ситуација нивната наксиозност ја петвора во акција.

Успехот претставува постигнување на оптимален баланс помеѓу оптимизмот и песимизмот и избор на спремни стратегии.
envy

Зависта може да ве направи подобри личности

Чувството на завист може да предизвика да се чувствуваме дека нешто нам ни недостига, но затоа пак во одедени ситуации оваа негативна емоција може да не научи како да се подобриме себе си.
Откако ќе сфатиме дека луѓето го немаат она што нам ни е потребно и што сметаме дека го сакаме следниот чекор е да разбереме што е она на што сме завиделе суштински.

Завидуваме на семејството на нашата пријателка или чувството на припадност? Работата на нашиот брат или чувството на достигнување? Новиот автомобил на колегата од работа или пак потребата од промени во нашиот живот?

Можете да имате се што посакувате во животот, затоа потребни ви се зацртани реалистични  цели и прифаќање дека нештата што вам ви се потребни изгледаат различно од оние нешта кои ги имаат и посакуваат за себе другите личности околу вас.

Загубата може да води кон благодарност

Иронично но и истинито е дека понекогаш потребно е да изгубиме нешто важно за нас за да се чувствуваме благодарни и благословени за она што сеуште го имаме. Загубата е збир на негативни емоции кои може да имаат трансформирачка улога во нашиот живот и да го подобрат на секое поле. Со секоја загуба добиваме лекции  но и подароци кои треба да ги цениме.

Негативните мисли и емоции даваат можност да гледаме и да бидеме свесни засегашноста

Фокусирањето на сегашноста може да е напраи свесни за начинот на кој го живееме своето секојдневие. Често се прашуваме себе си што е потребно да правиме со нашите негативни емоции . Често ставот кон нашите емоции е она што влијае истите да се променат и да се насочат кон нешто кое ќе има позитивен ефект врз нашето секојдневние. Кога ќе го промениме својот став  ќе се променат и нашите мисли  емоции но и целата нивна природа.