Што ја поттикнува појавата на негативните емоции?

од  |  0 коментари

Категоризацијата на емоциите како позитивни и негативни или пак гледање на нештата како црно или бело не секогаш може да ни донесе некаков бенефит. Затоа пак, гледањето на емоциите било позитивни или негативни како човечки искуства кои ни даваат некаква слика за нас самите е поточна интерпретација.

Емоциите можат да бидат мотиватори на нашите акции и да им претходат на нашите реакции. Емоциите можат да претставуваат знаци на предупредување за опасност водејќи не кон подобри одлуки кои ќе ни овозможат безбедност.  Лутината може да ни покаже кога нештото е погрешно, што може да ни даде мотивација но и сила да делуваме во насока на незино решавање без притоа да го игнорираме проблемот.
Тагата може да ни даде информација за болката на нашата загуба и да ни помогне да гледаме поблиску на нештата и од друга перспектива.Иако ваквиот тип на емоции прават да се чувствуваме непријатно и лошо, сите емоции од ваков тип се сосема нормални но и важни.
manporn

Elisabeth Kübler-Ross (познат психолог)  упатува на тоа дека постојат 5 емоционални фази низ кои сите ние е потребно да поминеме со цел да ја надминеме тагата, тие фази се : одрекување, лутина, договарање (преговарање) , депресија и прифаќање. Таа јасно истакнува дека доколку не поминеме и не се справиме со своите емоции низ секоја поединечна фаза можеме да се чувствуваме заглавени во некоја од нив а со тоа чувството на страдање и болка да се зголеми и да не се надмине.
nnn
Понекогаш емоциите не бе упатуваат кон вистината. Кога се чувствуваме емоционално исцрпени и тажни нашите чувства не ни дозволуваат да ја погледнеме реалната слика околу себе. Кога се чувствувате повредени од некоја врска која завршила на пример често се случува да сте си кажале на себе: ‘’Никој никогаш нема да ме сака’’,  ‘’Ќе бидам сам/сама до крајот на животот’’,’’Мојот живот е упропастен’’… Ваквите чувства често не се точни, тие не ви одат во прилог и многу често ги пролонгираат чувството на тага и безнадежностѕ кои ги чувствувате по вакви ситуации. Меѓутоа иако сте свесни за нив може и да се случи да незнаете како да да ги промените овие ваши уверувања.

Кога чувствувате страв од влегување во затворен простор како лифт или пак имате страв од кучиња, може да се случи да чувствувате зголемен страв кој се манифестира преку фобии или низа на емоционални состојби. Стравот во случајот не ви дава увид во реалната состојба затоа што не се наоѓате во опасна ситуација, но затоа пак може да направи да верувате дека не сте безбедни.

Ваквите чувства се можеби и манифестации на одговор на некоја претходна траума која сте ја доживеале па затоа ваквиот тип на емоции е тригер за ваша заштита. Тригерот може да биде некој елемент кој емоционално ги активира сеќавањата на вашата доживеана траума, карактеристичен и познат за некое минато искуство.

Потребен е било каков сензорен сигнал како звук, мирис, глетка, вкус или допир.. но и други внатрешни состојби кој може да го вклучи ‘’алармниот систем’’ кој може да поттикне најразлични стравови и емоции.
Емоциите и телото се многу поврзани меѓусебно, дури и повеќе отколку што и самите сме свесни за тоа.

Психологот Robert Scaer објаснува  дека чувствата имаат психолошка причина како и дека психолошките сензации и емоционалните мисли се нерадвојни.
Често кај лицата кои доживеале некаков тип на траума (сообраќајна несреќа, преживеале природна непогода, биле жртви на злоупотреба и сл) нивните сензации на нервниот систем му даваат сигнали да се заштити преку подготовка за бегање, борба, или пак стоење во место и немање на реакција како одговор на настанатата ситуација која евоцира спомени од траумата која ја доживеале.

Што е потребно да се прави за да се справите со негативните емоции?
Првиот чекор е да бидете свесни за своите емоции и да ги набљудувате одблиску без никави предрасуди.Доколку зголемената анксиозност ви предизвикува проблем забележете кога и во кои околности станувате анксиозни.Доколку сте трпеливи и внимателни со своите емоции можете да си помогнете себе си во надминување на анксиозноста. Прифатете ја оваа состојба, веќе сте ја доживеале , таа не може да ви наштети ниту пак да ве убие.  Доколку им давате значење и внимание на негативните емоции и притоа ги прифаќате како такви може да ја пролонгира нивната појава на долг рок.
Доколку се плашите од негативните емоции, ги избегнувате или пак ги одрекувате не придонесувате кон нивното решавање и менување во позитивна насока.

Како да се справите со негативните емоции?
Често кога чувствуваме страв чувствуваме пеперутки во стомакот, стегање на градите или пак потешкотии при дишењето и дишеме плитко без можност да земеме длабок воздух. Наместо да се плашиме од ова чувство или да го избегнуваме, потребно е да почекаме истото да помине. Разумноста и начините за релаксација преку користење на најразлични активности како разговор со пријател, прошетка или пак читање се одличен начин за канализирање на негативните емоции и нивно отфрлање.

Извор : www.psychologytoday.com