Три најважни лекции за контрацепцијата

од  |  0 коментари

Кога зборуваме за контрацепција важно е да ги имате следните ставки на памет:

Пилули и антибиотици не одат заедно

Антибиотиците можат да влијаат на апсорпцијата на хормоните во вашето тело па додека пиете антибиотици користете кондом. Покрај тоа, би требало да ги користите и недела дена после примањето на антибиотици.

Пилули за ден после, користете само за крајни потреби

Секогаш нешто може да тргне наопаку па за вас пилулата да претставува спас. Сепак, тоа не е контрацепциска метода. Често конзумирање на пилули може да го поремети вашиот менструален циклус и да предизвика проблеми со плодноста.

За машки пилули ќе зборуваме некаде во далечна иднина

Се чини дека е премногу добро за да е вистинито: вашиот партнер пие таблети, а вие и вашите хормони уживате во хармонија. Лоши вести, машките пилулисе во фаза на испитуввање и се чини дека за скоро нема да се појават за употреба.