Како да се сочува бракот?

од  |  0 коментари

За брачната среќа е потребно многу повеќе од љубов и доверба па луѓето многу често забораваат како да се сакаат, и не се сложуваат најдобро. Љубов, почитување, договор и зрелост се четири основи за добар и успешен брак. Ако е само еден од тие четири елементи слаб, бракот трпи. Доколку тој проблем не се реши на време, взаемно несогласување, порано или покасно ќе ја уништи љубовта. Потребно е да брачните другари имаат слични животна филозофија, ги почитуваат сличните вредности, имаат слични размислувања, интереси и вкус. Ако се сопружниците премногу различни, ќе треба повеќе труд, трпение и меѓусебна толеранција да постигнат компромисно решение.

Во бракот е важна и зрелоста на двата партнери. Доколку ја нема, врската почнува да наликува на односот родител – дете, затоа е потребно да заедно бидат емоционално и духовно зрели за брачната заедница.

Искрен разговор – филозофот Ниче тврдел дека при изборот на брачен партнер избираме оној со кој можеме најубаво да зборуваме за сите работи, бидејќи заљубеноста и страста поминуваат, а најдолг период во живот поминува во разговорот. Но, за да бракот опстани, потребно е со зборовите да се потврдуваат со делата. Не е доволно само со убави зборови да се зачинат само годишнините и родендените, туку и секојдневните моменти во заедничкиот живот.

Исти интереси – повеќе заеднички допирни точки и сличности во ставовите Ви овозможува да полесно дојдете до заеднички одлуки. Доколку во некој работи не согласувате, разговарајте за тоа и обидете се да се договорите така да двете страни бидат задоволни.

Зрелост на партнерите – само зрелите луѓе се способни да донесуваат рационални одлуки, преземат одговорност за своите постапки и учат од своите грешки. Разбирањето на партнеровото видувањето на свет и многу важно.

Взаемно почитување – ако забележите дека се партнерот поради Вашите постапки чувствува понижено и се повлекува во себе, тоа е знак дека морате да се смените. Бидете еден на друг најдобар учител.

Издвоите време за себе – задоволите ги Вашите потреби. Секој трема да има свој момент на мир како би можел добро да функционира. Морате да ги познавате Вашите желби, амбиции, цели и можности. Поставете ги работите така да, во секој момент можете да се ослоните исклучиво на себе. Кога двете страни се независни, силни, многу полесно ќе се совладаат животните проблеми. И ставете му до знаење на партнерот Вашите желби и планови.

Покажете ја љубовта – во секој момент е убаво да се знае да на некој и некаде припаѓате. Чувството дека на некој сте му важни, да некој води сметка за Вас, и постојано тоа Ви потврдува, е нешто незаменливо. СМС порака по заминување на работа, бакнеж пред спиење, дополнително ќе ја зголеми страста и чувство на сигурност во Вас.

Брачниот уговор – брачниот уговор е облик на уговор кои брачните другари заклучуваат на постоечкиот или идни имот, а во суштина го штити Вашиот брак. Дознаете ги основите на брачното законодавство. Најверојатно никогаш нема да Ви притреба, но уште една информација никогаш не е штетна.

Интимноста – се случува да се брачните другари оддалечат еден од друг кога ќе добијат деца. Не треба да се заборави дека во бракот треба постојано да се негува. Најдете време за себе, излегувајте на вечери, организирајте ги викенд прошетки, бидејќи интимноста е она што одржува живоста и позитивната напнатост во бракот.