Прочитајте го ова и никогаш повеќе нема да заспиете со шминка

од  |  0 коментари

Отстранувањето на шминка на вечер пред спиење некогаш е вистинско мачење, а се случува и едноставно да не ја извадиме и да легнеме во кревет. Дали тоа вас ќе ви се случи кога ќе ја прочитате следната приказна?

Новирка од “Дејли меил” сакала да проба како ќе изгледа ако шминката не ја отстрани месец дена. Уште на третиот ден дошло до појава на цисти околу трепките, а кожата и станала сува. Пријателите започнале да забележуваат и да и кажуваат дека изгледа уморно. После 10 дена, се разбудила со отечени очи, заради грутчињата од маскарата.

После месец дена отишла на дерматолшка клиника да ја поправи штетата на лицето. Специјален фотоапарат открил дека текстурата на кожата на површинскиот слој е значително влошена за разлика од минатиот месец, затоа што во кожата имало помалку кислород. Борите се појавиле заради тоа што кожата станала сува.

Црвенилото на лицето, со кое веќе имала проблеми, уште повеќе се влошило а порите се прошириле. Стручњаците тврдат дека за еден месец неотстранување на шминката може да доведе вие да изгледате дури 10 години постаро.