Ѕидови со душа

од  |  0 коментари

Слики, графики, постери и уметнички дела можат да го сменат карактерот на Вашиот работен и животен простор, па затоа внимателно треба да ги избирате и поставувате на ѕидот.

Украсите за вашите ѕидови зборуваат многу за Вас. Имајте го тоа во предвид кога ќе ја избирате ѕидната декорација и запомнете дека не е неопходно да тоа бидат прескапи врвни уметнички дела. При изборот раководете се исклучиво со чувствата кои сликата ќе предизвика кога ќе ја здогледате.

Огледало

На ѕидот можете да ставете огледало со различни димензии. Тие ја прават просторијата поголема, а личноста која се огледа во него посреќно. Кога го ставате огледалото, обидете се да го поставете така да се во него огледа некој ефектен пејзаж, градина или поглед на град.

Уметнички слики

Уметничките дела на академските сликари можете да ги купите во галериите или преку интернет доколку сте спремни да издвоите поголемо сума на пари. Иако стручните лица од ова област сметат дека сликите кои се продаваат на улица или на летувањата немаат вредност, не очајувајте. Слики кои ќе ги ставите на ѕид не мора да бидат скапи. Доколку тие слики Ве радуваат и Ви одговараат на Вашето око, тогаш е тоа вистински избор. Вештина на вклопувањето на сликата во рамка е значаен елемент во декорирањето на Вашиот животен простор. Сликите најдобро истакнуваат црн или бел паспарт. Боите на паспартот во некој тон од самата слика одлично одат со рамката кој е сам по себе упадлив. Се ова заедно треба да се вклопи со самата слика. Неупадливите и едноставни рамки одат со широк и неутрален паспарт. Сликата можете да ја оставете и без рамка, посебно ако е во прашање некое апстрактно сликарство.

Фотографии

Ако имате голем празен ѕид, украсете го со фотографиите од најблиските членови на семејството. Ако сакате елеганција, можете да изработите црно – бели фотографии со големи димензии и ставете во стаклена рамка.

Тапети

Фото – тапети, со различни димензии и дезен како и лепенките за ѕидовите повторно се во мода. Тие ги надополнуваат белите ѕидови и внесуваат посебна атмосфера. Пејзажите испринтирани на големиот формат му даваат на просторијата чувство на длабочина и создаваат мирна атмосфера.

Поставување на слики

Сликите треба да бидат поставени во висина на очите, во дневната соба каде најмногу се седи. Можете да ги поставете така да им горниот крај биде во една рамнина, една под друга или хаотично во облик на некое геометриско тело.