Убава и негувана со малку пари

од  |  0 коментари

Најлесно е да се влези во фенси парфимерија и да се пазари еден куп нови препарат од водечките козметички куќи во преубави, шарени пакувања.

Кога малку повеќе ќе размислете, прашање е дали сите тие бендови и марки навистина вредат онолку колку ги плаќаме. И освен тоа што ни го прават паричникот празен, ни скратуваат за она најубаво во ритуалот на шминкање – а тоа е креативност, игра и импровизација.

  • Ако некој нов и скап производ Ве заинтересирал, не срамете се да побарате тестер. Пред да го земете проверете дали е тоа она што го очекувавте.
  • Со кремот за лице мачкајте го и вратот, не заборавајте дека и вратот треба да го негувате
  • Креирајте единствен мирис за Вашето тело, така што во шишенцето од најобичен и најевтин лосион за тело ќе додадете неколку капки етерично масло.
  • Наместо лосион за мрсна кожа користете сок од лимон, а на митесерите и мозолчињата ставете малку хиперманлган.
  • Обичниот шампон за коса можете да го користете како гел за туширање.
  • Секој професионален козметичар ќе се согласи со тоа дека е многу подобро да се користи козметика од домашен производители отколку странска козметика. Точно ќе знаете кои состојки се наоѓаат во производот, а тие се проверени и безбедни. Голем број на домашните производи се прилагодени на локалните климатски услови, а и поевтини се.
  • Во гелот за туширање додадете една лажица морска сол, и ете Ви идеален пилинг за тело.
  • Еден препарат може да има повеќе функции – само треба да се сетите. Така руменилото може да се искористи како сенка за очи, темен молив за уста како креон, кармин како руменило … Комбинации има многу! Методот е стар и испробан, го знаеја и нашите мајки и баби
  • Правило е да палетата на бои од поевтини бренд е многу поширок и поживописен. Можеби не би било лошо да пробате некоја нова нијанса наместо зададени тонови од елитните брендови? Не бидете сноб, слободно експериментирајте.
  • Одлични средства за нега на лицето се кријат и во фрижидерот. Скршете го јајцето, па снег од белката ставете на лицето, а изматената жолчка нанесете на коса, а мед – каде ќе посакате.
  • Маслото од бадем успешно може да ги замени две креми: за раце и за зајакнување на ноктите. Еден препарат наместо два – тоа не само што е поевтино туку и полесно.
  • Мешајте ги кармините, сенките и пудрите и ќе имате многу повеќе бои на располагање.
  • Од маслото од лаванда направете ароматична купка. Маслото од лаванда воопшто не е скапо, и исто така е моќно средство против несоница, одличен антисептик.
  • Ако не можете да си овозможите омилен парфем, пронајдете дезодоранс или лосион со сличен мирис.
  • Наместо специјални облоги за подочњаци, користете филтер – кесички од чај од камилица, тркалца од компир или краставица.