Улогата на родителите во процесот на избирање на професијата на нивното дете

од  |  0 коментари

Родителите имаат големо влијание врз изборот на кариерата на нивното дете но влијаат и врз процесот на донесување на одлуките кога станува збор за овој чекор и фаза во животот на детето. Најчесто тоа е поради фактот што целат кон успехот и среќата на своето дете, а еден од факторите кои придонесуваат до таа сатисфакција е и изборот на кариерата. Кога децата ја чувствуваат поддршката и љубовта на своите родители имаат поголема самодоверба во своите способности , а чувствуваат и поголема самодоверба и при истражувањето на кариерниот избор кој ќе биде забавен, интересен и во склад на нивните желби и аспирации. Од психолошка гледна точка, адолесцентите кои се чувствуваат компетентно во поглед на донесувањето на одлуки , имаат тенденција да донесат позадоволувачки и исполнувачки избори кога станува збор за изборот на кариера. (Keller 2004).

Родителите влијаат на степенот на едукација и тренингот на децата, знаењето кое го имаат за работата, верувањата и ставововите за работењето како и мотивацијата за успех. Поголемиот дел од овие активности се стекнуваат несвесно- децата и тинејџерите ги ‘’апсорбираат’’ ставовите на нивните родители и очекувањата кои тие ги имаат за нив за време на нивниот развој.

Што  влијае врз кариерниот избор на децата ?

  • Очекувањата кои родителите ги имаат за едукацијата и кариерата
  • Примерот кој родителите го поставуваат за децата
  • Вредностите кон семејството, пријателите и општеството
  • Можностите кои им ги нудат на своите деца за учење и развој
  • Врската родител-дете која ја развиваат во текот на живототКако родителите е потребно да им помогнат на своите деца во нивниот развој?
  • Да ги поттикнат да се здобијат со што поголемо образование
  • Да им помогнат во откривањето на нивните вештини и таленти
  • Да им помогнат во стекнување на способности за само -донесување на одлуки
  • Да им влеат вредности за ценење на еднаквоста, културниот диверзитет, вредности кон општеството и индивидуите во целина
  • Да им помогнат во градењето на свесноста околу ресурсите при изборот на кариера, образование и други можности
  • Да им помогнат подобро да ги опсервираат своите квалитети, хобија и таленти
  • Да им помогнат со поттикнување на нивната индивидуалност, критичко размислување и учење

Родителите може да имаат позитивно и важно влијание во одлуките на своите деца, но преголемата вклученост во процесот на правењето на одлуките , контролата и наметнување на сопствените желби може да резултира со негативни аутпути.
Родителот е потребно да биде внимателен и да не ги наметнува своите цели и желби, посигнувањето на своето дете да не го гледа како рефлексија на своите желби затоа што тоа во понатамошниот живот на детете ќе се одрази со незадоволство од избраната кариера и неуспех.

Иако родителите е потребно да се појават како столб за своите деца при правењето на клучните избори, тие најбитно е да имаат улога на давачи на поддршка и притоа на своите деца или адолесценти да им овозможат да откријат што тие сакаат да направат сами.
Многу често се случува тинејџерите да се плашат од неодобрувањето на родителите при изборот на факултет и идна окупација на пример во кариери како уметност, музика, глума поради тоа што чувствуваат дека очекувањата на нивните родители се повеќе за професија која нуди поголема финансиска придобивка како архитектура, право, медицина.
Кога родителот на детето јасно ќе му даде до знаење дека нема одредени очекувања за изборот на неговата кариера , детето ќе почувствува слобода да го направи истражувањето помеѓу поголема низа на професии и ќе направи избор по своја желба.

Изборот на кариера е екстремно важна одлука затоа што има голем импакт врз иднината на индивидуата. Многу е важно насочувањето кон изборот на кариера да се започне уште пред завршувањето на основното образование со што би се дала некоја насока за понатамошни пошироки избори и предзнаења за професијата која ќе се избере во иднина.
Клучен период за избор е 3та или 4 та година средно образование затоа што тогаш следува уписот во факултет кој всушност е генералната насока во кариерата. Понатамошно во текот на факултетското и понатамошното високо академско образование се се сведува на основата- факултетот, како основа за избор на професија.

Многу е битно во овие периоди да се разговара со детето, да се даде насока и да се избегне чекање до последен момент пред упис во средно училиште или факултет . Родителот треба да го поттикне своето дете да креира реалистични очекувања,  да го поттикне да се залага повеќе, да му помогне со поддршка и да не го поттикнува да се запишува во одредена образовна институција само затоа што таа кариера е добро платена во моментот, а не се вклопува во желбите и аспирациите на детето/тинејџерот.

Во овој период добро е да се разговара со психолог односно специјализирано советодавно лице од оваа област при правењето на одлуки и давање на насоки за професионална ориентација.
Во текот на овие консултации се разговара со детето и родителите, се дефинираат потребите, желбите, хобијата, интересите и знаењата и  се прават тестови кои укажуваат кои професии се најсоодветни за самото дете.
Добро е кога дополнително ќе се тестира што е соодветно за детето за притоа да се размислува во соодветната насока која ќе резултира со вистински избрана професија во која детето-понатамошно возрасната личност ќе ужива и же работи со љубов.

Неколку мали едноставни совети до родителите:

-Бидете инволвирани во процесот на донесувањето на одлуките, но не контролирајте ги одлуките
– Советувајте, но не одлучувајте
– Дадете своја поддршка, но не доминирајте