Професионална ориентација- вистински избор за успех

од  |  0 коментари

Човекот поминува две-третини од својот живот работејќи, затоа квалитетот на животот, нивото на задоволство и среќа во голема мера зависат од тоа дали да ќе успееме да се пронајдеме во избраната професија.
Еден од предусловите за градење на успешна кариера претставува правилниот избор на професијата, многу е важно да го правиме она што го сакаме, но и она за што имаме потенцијал.
Изборот на образовните институции е избор кој ќе го редефинира нашиот живот па затоа добро е темелно да се пристапи на истражување на изборот на училиште, факултет и идната професија.

Професионалната ориентација нуди поддршка и помош при донесувањето на оваа важна одлука, и помага на личноста подобро да  се запознае себеси и своите карактеристики кои се клучни при изборот на идната професија, да открие во што е најдобра, колку е спремна да вложи напор при остварување на своите цели, неjзините навики, каква е при организирање на работата, на кој начин го доживува неуспехот но и наградите и казните.
Програмата за професионална ориентација и советување опфаќа тестирање, советување и информирање.

За кого е наменета?

Професионалната ориентација наменета е за сите лица кои е потребно да донесат некоја одлука. Може да станува избор или промена на средното училиште, висока школа, факултет, специјализација, потврда на професионален избор или неможност за упис во посакуваната образовна институција па е потребно истражување на алтернативни избори и решенија.
Многу често се случува со оваа дилема да се соочуваат и повозрасни лица кои имаат голема желба да го променат своето работно место и да се преквалификуваат или да започнат свој сопствен бизнис во истата струка.

Идеално време за тестирање за деца е при завршетокот на основното образование, а за средношколците пак припремањето за факултет е потребно да се направи во последната година пред завршетокот на средното образование.
Постојат многу деца кои поседуваат повеќе таленти и поседуваат низа на афинитети и талентирани се во повеќе области: странски јазици, математика, уметност, музика…
Кај ваквите деца тестовите се насочуваат кон она што најмногу им одговара. Секое дете за себе претставува посебна приказна, но во исто време потребно е да се согледа дали она што се сака често се бара на пазарот во поглед на професионалната ориентација.
На овој начин лицето, може во вид на хоби да се занимава со она што го сака и она што го привлекува, а да пронајде одредена алтернатива во поглед на работата со која би можело да заработува за живот.

На кој начин се одвива тестирањето?

Тренерите за професионална ориентација најпрво е добро да се запознаат со клиентот.
Децата и младите често доаѓаат со родителот. Низ разговор се прибираат податоци околу успехот на училиште, семејството, афинитетите, но и постоењето хоби за да се направи соодветен тест. Низ тестирањето се прибираат податоци околу интересите,мотивацијата, работните навики и карактерните особини кои се важни при правењето на професионалниот избор (менаџер, научник, инженер, музичар…)
Преку анализа се доаѓа до препорака кој факултет или училиште не е добар избор, кој е најдобриот избор и кои се алтернативите.
Најчесто децата чии родители се преамбициозни и започнуваат со припремите за факултет уште при самото запишување во средно училиште. Тој период е доста ран период затоа што сеуште професионалните интереси кај дететo не се развиени.
Најчесто во текот на овој период кај средношколците, но и кај лицата кои веќе започнале на факултет, со среќавањето на новите предмети во втора и трета година може да настане отворање на видиците, желбите, доаѓа до поголемо созревање…

Тестовите за професионална ориентација се одличен избор и за децата кои не покажуваат одредени афинитети кон некоја област. Во овој случај добро е да добијат помош од своите родители, но притоа истите да не им го наметнуваат своето мислење или пак желби, но и да се запишуваат на одредени смерови само затоа што нивните другари го прават тоа.
Доколку вашето дете се запише во училиште кое не е во склад со неговите потреби и афинитети, можете да се соочите со лош успех, многу приватни часови, изостаноци, па и незадоволство.

Како  да се избере професија?

На прашањето на кого треба да му се даде предност при изборот на професијата, кај нас  често предноста е давана на она што детето го сака. Тоа е многу важно, но исто така не смееме да ја изоставиме реалноста. Ако она што детето го сака не е исплатливо, може да биде хоби, а на работно поле ќе се бара професија која е моменатлно развиена на пазарот. Неопходно е да се постави рамнотежа на способностите и индивидуалните карактеристики при изборот на професија. Дали е тимски играч, лидер, теренски работник итн. , но сепак пред се најважно е каде може да се обезбеди егзистенција.

Помош за неодлучни

Професионалната ориентација нуди одговори на следните прашања:

  • Koи се моите професионални карактеристики и интереси, која работа би можел/а да ја работам?
  • Кој од моите  способности, потреби и интереси ги задоволува таа работа?
  • Кој факултет и кој смер треба да запишам за да одговараат на таа работа?
  • Дали е тоа возможно да се оствари, кои се критериумите (школски успех, дали го има тој факултет во мојот град, дали бара посебни здравствени услови …)?
  • Кој ми се алтернативите ако тоа е невозможно да се оствари?

Ако се двоумите на кој факултет да го запишете вашето дете, сакате да смените професија, а не сте сигурни дали ќе го направите правилниот избор, професионалната ориентација ќе ви помогне подобро да ги запознаете личните способности и недостатоци, полесно да ја донесете правилната одлука и да се заштитите од непријатности, разочарување и неуспех.

Квалитетот на вашиот живот во голема мера зависи од соодветниот избор на професија, реалниот поглед кон денешницата ја подобрува вашата свест, со тоа вие не само што ќе бидете успешни , ќе бидете среќни и исполнети.

Запознавајќи се себеси вие го преминувате прагот кон успехот.