Венецијанскиот карневал- вистински спектакл кој трае од 11-28 февруари

од  |  0 коментари

Доколку чуете дека некој зборува за карневал во Европа , која е вашата прва асоцијација за карневал ? Нашата е годишниот карневал во Венеција.

Да го сокриете своето лице под маски и да бидете некои други па макар и на еден ден е одлична цел за посета на светски познатиот карневал во Венеција.
Волшебниот град на вода, е еден од наjубавите и најромантичните градови во светот. Феномен е сам по себе, а ќе ве освои со својата дополнителна магија  во периодот од ова време од годината.
Маскембалот сам по себе ова место дополнително го прави мистично. За време на маскембалот ќе наидете на најразлични ликови во раскошни костими, принцези во кринолини, лица прекриени со порцелански маски, витези, дворски господа, дами…

Историјат на карневалот

Појдовната точка на овој пат нам не враќа во минатото. За  прв пат овој карневал одржан е во 11 тиот век, а за кратко време станува симбол за градт на вода. Традицијата на прославување на карневалот запрела во 18тиот век, но повторно се оживува во 1979 година.

Денес веројатно скоро секој во во светот чул за овој голем настан.
Порано карневалот започнувал на плоштадот свети Марко, па потоа продолжувал со забава во целиот град, кога луѓето од одредени социјални статуси носеле костими и маски, а многу често многу од нив поврзани биле со познатиот Commedie del’Arte или Columbine.

Маски и костими

Доколку планирате да ја посетите Венеција за време на карневалот, постојат две нешта кои морате да ги имате, нормално зборуваме за маски и костими.
Постојат многу кројачи во градот каде можете да направите голем избор на рачно направени карневалски костими, а тука се и оние изработени од луксузни материјали.
Освен тоа, не е многу важно како ќе изгледаат вашата маска или костим, најважен е вашиот ентузијазам кој вам ќе ви овозможи одлично поминато време во Венеција.

Корисни информации

Ова се некои факти за карневалот за кои би можеле да сте заинтересирани:

  • Сите клучни карневалски случувања вообичаено се одвиваат во Арсеналот (градското бродоградилиште)
  • Доколку не сте за повеќе за венецијанскиот стил на карневалот на крајот од карневалот ќе забележите и глетки на подвижни зомбија
  • Најдоброто место од кое можете да уживате во карневалот е плоштадот св.Марко – место со најдобрата глетка идеално за правење на добри фотографии
  • Не им плајќајте на гондолиерите пред време, тие ќе ве застанат на пола пат и ќе ви побараат дополнителни средства со цел да ви наплатат повеќе.