За здрава и сјајна кожа

од  |  0 коментари

За да и вратите свежина на кожата, лицето и телото, испробајте ги брзите третмани кои се состојат од пилинзи со природни маски.

За чистење на кожата најдобро е да изберете производи кои не содржат ниту алкохол ниту масло, туку да се базираат на природни состојки кои не ја исушуваат кожата. Наједноставно е да ја исчистите кожата на лицето со памбук потопен во млеко ( за сува кожа ) или јогурт ( за масна и проблематична кожа ). За интензивна нега, наместо хидратантни кремови, можете да употребувате природни мешавини на масла ( масло од јојоба, лешник или бадем ).

Маска од јаготки и камилица против брчки – испасирајте пет јаготки за да добиете глатка смеса, додадете лажица маслиново масло и лажица чај од камилица и повторно измешајте. Смесата нанесувајте на лицето и врат и оставете 20 минути. Извадете ја маската со памбук потопен во ладно млеко.

Едноставен пилинг за тело – во садот истурете мала шолја маслиново масло па додадете пола шолја кафеав шеќер. По желба, можете да ставете неколку капки од Вашето омилено есенцијално масло. По туширањето масирајте се со добиениот пилинг, со кружни движења, но не масирајте ја кожата подолго од една минута за да не предизвикате иритација на кожата. Потоа истуширајте се со млака вода.

Обновувача маска за коса – измешајте ги белките, две лажици јогурт, две лажици испасирано авокадо, лажица и пол испасиран киви, две и пол лажици мед и неколку капки етерично масло од рузмарин. Состојките требаат добро да се измешаат, а потоа направената маска нанесете ја на косата и оставете ја да делува 20 минути, а потоа измиете ја со ладна вода. Рузмаринот ја поттикнува циркулацијата на кожата на главата, а авокадото и медот ја храни косата и ја штити од исушување.

Маска од јајца за зацврстување на косата – изматете ги жолчките со лажица сок од морков и две лажици кисела павлака. Кога ќе ја добиете изедначена смеса, нанесете ја на лицето и деколтето, оставете ја да поседи половина час, измијте се со млака вода и нахранете ја кожата со хидратната крема.

Солена купка која ревитализира – измешајте три и пол мали шолји морска сол, пола шолја сода бикарбона и неколку капки етерско масло на лимон. Состојките додадете во када која е наполнета со топла вода и релаксирајте се најмалку половина час.

Пилинг за лице – во садот ставете две лажици пченкарно брашно и додадете белка која претходно добро сте ја измателе. Со лесни кружни движења нанесете ја смесата на кожата и оставете да делува 10 минути. Потоа измијте го лицето со ладна вода. Пилингот ќе ја исчисти нечистотијата и ќе ги тргни мртвите клетки од кожата, додека ладната вода ќе ги намали порите.

Разубавете го деколтето – тонирањето и пилинг на вратот и деколтето ќе Ви помогнат да ја вратите кожата во форма, а кремот со кој ја негувате лицето, ако е со квалитетен состав, сосема добро го негува вратот и деколтето. Некои кремови са лице, на пример со ретинол се покажаа како добри и за негување на деколтето и вратот. Исто така, кремот со тетрапептиди, амино киселини кои помагаат во обновувањето на колагенот и еластичност на ткивото, идеални се за негување на кожата под подбрадокот. Внимавајте и на тоа кои материјали носите на вратот. Се што Ве греби- остри ткаенини или волна, може да ја иритира кожата и да предизвика алергиска реакција.