Wi-Fi ни штети? Билки во соба со рутери овенале за 12 дена!

од  |  0 коментари

Wi-Fi може да наштети на човековото здравје, тврди данска научна група истражувачи на школата Hjallerup. Во неа учениците набљудувале шест билки во иста просторија, под ефект на зрачење од два бежични рутери и во друга просторија без никаква опрема.

Во рок од 12 дена 90 проценти од билките во просторијата со рутерите овенале, листовите им пожолтеле, и не покажувале знаци на живот, додека оние во празната просторија останале исти како претходно. Научната група тврди дека тоа јасно го покажува штетното влијание по здравјето на човекот и сите живи растенија ширум светот.

Сепак критичарите тврдат дека садниците можеби се исушиле и поради близината на рутерите кои испуштале топлина, а не поради нивното зрачење.

Резултатите од овој експеримент ги поддржуваат и холандските научници од Универзитетот Wageningen во кој научниците изложиле 20 стебла јасен на различни извори на зрачење во период од три месеци. Лисјата на стеблата кои биле најблиску до изворите на Wi-Fi мрежата постепено се сушеле и на крајот овенале.

Денес околу 70 проценти од лисјата на дрвјата во градските зони покажуваат такви симптоми, додека пред пет години истите симптоми ги имало дури на 10% од дрвјата, тврдат холандските научници. Истакнуваат колку е потребно да се направат нови истражувања и експерименти за точно да се утврди влијанието на Wi-Fi технологиите врз човечкото здравје.