Совршено нанесете туш за очи

од  |  0 коментари

Иако за вас веројатно најголем и најтежок предизвик е шминкањето, со мали вежби и неколку наши совети, нема да имате проблем…

Ако до сега избегнувавте туш само затоа што не сте знаеле да го нанесувате , време е да завршите со тие ограничувања. Следете ги нашите совети и ќе постигнете совршен ефект!

1. На почетокот направете тенка линија на окото од внатрешниот кон надворешниот агол на окото. Тој слој со четкичка поминете го уште еднаш пратејќи ја линијата на окото.

2. За да направите совршен мачкаст завршеток, повлечете линија во висина на завршетокот на веѓите.

3. На крај задебелете ја веќе направената линија со која ќе постигнете совршена уредност, прецизност и заводливост.