Зошто да изберете класичен третман во Derma Bella?

од  |  0 коментари
Длабинското чистење на лице – потребно на секого!
 img_7131 img_7536
Тоа е процес на чистење на лицето кој го прави козметичар во козметичките салони. За време на овој третман се прави пилинг ( отстранување на изумрените ќелии), потоа парење (затоплување на кожата со цел порите да се отворат). После тоа, се истискуваат. Рачно или со апарат, а потоа козметичарот става маска за смирување и ги затвора порите.
Во зависност од типот на кожата на лицето, длабинското чистење се прави во период од 1 до 2 месеци. Кожата која има зголемено лачење на себум, т.е масна кожа која бара чистење еднаш месечно.  Ако кожата е сува и зрела, чистењето се прави на два месеци. Пречестата употреба на пилинг не е добра и кожата ја оштетува, односно ја уништува pH вредноста која го штити поткожниот слој од инфекции.
img_7542-2
Длабинското чистење може да се прави и со класичен метод (рачно) што е поболно или со апарат, кој е безболен и ја зафаќа само површината на лицето и не остава црвенило. Овој тип на чистење обезбедува нормална функција на кожата, се постигнува одредена свежина и сјај, го подобрува тонусот и ја зголемува способноста за впивање на нанесената крема, маска или серум. Кожата на лицето, која редовно се чисти и негува, останува подолго свежа, млада, со помалку брчки, и цврсти мускули на лицето.
Чистото и свежо лице многу полесно поднесува шминка и полесно се негува во домашни услови.
На крај во Derma Bella, правиме пријатна масажа на лице и деколте која освен што го подобрува тонусот претставува и вистинско уживање.
logo32