Предлог филмови за одличен филмски викенд!

од  |  0 коментари

Викендот е на прагот, само што не започнал. Доколку одлучивте да одмарате овој викенд и да се релаксирате во домашна атмосфера,еве неколку предлог филмови кои би можете да ги гледате:

1.Различна –Divergent

Режија: Нил Бургер, Улоги: Шејлин Вудли,Тео Џејмс, Кејт Висент, времетраење: 139 минути,Јазик: англиски, жанр: авантура,романса,научна фантастика, премиера: 21 март 2014 година.

Иако многумина го споредуваат со филмот,, Hunger Games,, но и покрај тоа што на одредени моменти необјасниво наликуваат,приказната е сосем различна и нема никакви допирни точки со него. По страшната војна,која го уништила поголемиот дел од светот, населението во Чикаго било поделено на 5 фракции со цел да се зачува мирот:,,Erudite,, или Учените чија доблест е интелигенцијата и логичкото размислување, ,,Amity,,или Добродушните чија карактеристика е мирот и пријателството. ,,Candor,, или Искрените кои се непристрасни и секогаш го кажуваат искрено она што им паѓа на ум. ,,Abnegation,, или Пожртвувани чија главна доблест е несебичноста и помошта, како и ,,Dauntless,,-Бестрашни каде што одат само оние најхрабрите.Секоја од овие фракции си има своја улога во општеството и нивните членови од како ќе изберат на која фракција припаѓаат, меѓусебно повеќе не се мешаат.Постојат и такви кои што не припаѓаат на ниту една група односно Безфракциски или различните кои што живеат како бездомници на улиците од Чикаго.
divergent-tris-shailene-woodley-wallpaper-1440x900

 

Се започнува на денот на тестирањето  кога Беатрис-Трис Прајор (Шејлн Вудли) конечно ќе треба да открие во која фракција припаѓа. Нејзините родители припаѓаат на Пожртвуваните, но таа уште од мала копнее за Бестрашните. Таа се  наоѓа во дилема и се плаши дека тестот ќе покаже дека и таа припаѓа на Пожртвуваните, но истовремено се плаши и дека тестот ќе и покаже дека припаѓа во друга фракција,па поради тоа ќе треба да ги напушти родителите. Но она што е навистина изненадувачко е дека нејзиниот тест ќе покаже нешто навистина неверојатно и премногу ретко,таа припаѓа на Различните, а токму тоа може да ја чини живот. Токму поради тоа мора да одбере фракција во која најмногу ќе успее да се вклопи, а со тоа да се заштити себеси, и своите најблиски.

rs_560x415-130719100622-rs_1024x759-130625090311-1024.Divergent8.mh_.062513

2  Вероника Марс-Veronica Mars

Режија: Роб Томас, улоги: Кирстен Бел, Џејсон Доринг, Енрико Колантони, времетраење: 107 минути, јазик: англиски, жанр: криминалистика, премиера:14 март 2014.

Вероника Марс е средношколка во мало гратче во Калифорнија која решава комплицирани детективски мистерии додека му помага на својот татко детектив. Дејствието во филмот продолжува десет години по матурата, кога таа веќе се преселила во Њујорк, каде што има стабилна врска, работи како адвокат, а има и одлична понуда да се приклучи кон една голема адвокатска фирма. Но, токму тогаш добива повик за помош од својата средношколска љубов. Тој е осомничен за убиство на неговата девојка, а и покрај многуте понуди од повеќе различни адвокати најмногу ѝ верува на Вероника и смета дека таа може да го извади од проблемите во кои се наоѓа.

vm-poster

Филмот не е  е напнат како некои трилери, нема некои големи пресврти, туку е забавен и лесен за следење. Покрај тоа, за пофалба е и изведбата на главната актерка Кристен Бел, која нејзиниот лик го прави многу допадлив. Филмот и онака е интересен, но главниот лик му го дава оној шмек кој го прави еден од оние со кои би сакале да се опуштите.

2-Film-Veronika-Mars-Veronica-Mars-www.kafepauza.mk_

3.Последен пат во Вегас- Last Vegas.

Режија: Џон Тартлтаб, улоги: Мајкл Даглас,Роберт Дениро, Морган Фримен, Кевин Клајн, времетраење : 105 минути, јазик: англиски, жанр: комедија, премиера: 1 ноември 2013.

Зарем еден филм во кој главните улоги ги толкуваат Мајкл Даглас, Роберт Дениро, Морган Фримен и Кевин Клајн би можел да биде лош? Секако дека не. Ова е еден од оние забавни и лесни филмови кои се гледаат во еден здив и кои откако ќе завршат ве оставаат во одлично расположение. Станува збор за 4-ца најдобри пријатели, кои на возраст од  60-тина години решаваат да му приредат ергенска забава на нивниот последен сингл пријател.

cq5dam.web_.620.398

Се започнува со ненадејното запросување на Били (Мајкл Даглас). Тој за време на погребот на неговиот ментор, без никакво претходно размислување решава да ја запроси својата два пати помлада девојка од него. Таа пресреќна, ја прифаќа понудата и тие решаваат што побрзо да стапат во брак. Били им ги пренесува големите новости на своите пријатели Арчи (Морган Фримен) и Сем (Кевин Клајн) кои веднаш одлучуваат да му ја приредат најдобрата ергенска забава досега. Сѐ што преостанува е само да најдат начин како да го повикаат и нивниот четврт член на дружината, Педи (Роберт Дениро) кој последниве неколку години не е во добар однос со Били. Работите некако успеваат да тргнат според планот и сите патуваат во Вегас, каде што сфаќаат дека нештата многу се измениле во последниве 30-тина година. Но, тоа нема да ги спречи да се однесуваат како да се многу помлади и токму поради тој договор ќе започне и најлудиот викенд од нивниот живот.

images

Ова е одличен филм восебе носи моќна порака за значењето на пријателството и љубовта. За давањето на втора шанса како и за самиот живот. Но, најважно од сѐ, ќе ви покаже дека без разлика на вашата возраст, доколку сте заедно со вашето друштво вие можете да го освоите и светот.
last-vegas-23