Не прашувајте се каде е вашето либидо,едноставно подобрете го

од  |  0 коментари

Како што знаеме, намалено либидо кај мажите и жените може да се предизвика проблеми во бракот или врската. Проблемите често не се едноставни и настануваат од повеќе причини. Колку и да се непремостиви овие проблеми, двете страни треба да се потрудат и да се доверат еден на друг. Овој проблем не треба да се крие, туку треба да се преземат мерки за негово решавање.

Намалената желба за секс многу повеќе ги измачува и фрустрира жените, затоа што ним им е потешко да доживеат сексуална возбуда. Сепак, постојат неколку работи кои можете да ги направите за да го зголемите своето либидо по природен пат.

 

Еве неколку трикови за подобрување на либидито:

Недостатаок на време

Недостатокот на време е чист проблем на денешницата. Важно е да го испланирате вашето време. Кога сте дома,треба да заборавите на професионалните проблеми и да се посветите на семејството. Релаксирајте се, со вежби или јога.

 

Потсетете се на последниот пат.

Издвојте си неколку минути од вашето време и во главата преживејте ги повторно моментите од некоја возбудлива сексуална средба со вашиот партнер/партнерка, кога заедно сте биле на седмото небо. Помислете на задоволството што сте го чувствувале и создајте си желба повторно да го доживеете истото. Тоа ќе го зголеми вашиот сексуален апетит.

Опуштете се

Најдете време за себе.  Потрудете се да отидете на некое место каде што ќе се опуштите и одморете. Едноставно ќе заборавите на секојдневието. Потрудете се барем еднаш неделно да посветите внимание на вашиот партнер преку прошетки,кино,вечера,театар итн…

 Почувствувајте ја моќта на масажата.

Оставете го вашиот партнер/партнерка да ги покаже своите способности за масирање. Масажата ем ќе ве релаксира и ќе придонесе да ги заборавите своите грижи, ем ќе ги разбуди вашите фантазии и сетила. Таа ќе ви помогне да откриете каде сакате да бидете допрени.

Храната е голем афродизијак.

Верувајте меѓу храната и сексот отсекогаш постоела врска. Храната делува како афродизијак ако ги стимулира „љубовните“ сетила за вид, мирис, вкус и допир. Вклучете во вашето вечерно мени малку темно чоколадо, мед, авокадо, бадеми или смокви. Јадете морска храна како остриги или зачинете ја вечерата со босилек и ѓумбир.

Внесувајте доволно витамини

Не ги заборавајте витамините. Внесувајте доволно витамин Ц, витамини Б, витамин Е, цинк и магнезиум. Се смета дека тие витамини и минерали влијаат позитивно на желбата за секс.

 Негувајте го вашето здравје

Доброто здравје е предуслов за добар секс. Најважните совети кои некој може да ви ги даде за зголемување на либидото се: спијте доволно, минимизирајте го стресот (хроничниот стрес и умор доведува до намалување на сексуалниот нагон) и практикувајте физичка активност. Ако не се чувствувате добро во своето тело, тогаш тешко ќе ви биде да се опуштите во рацете на партнерот.