15 сигнали на телото кои укажуваат дека е потсвесно заинтересиран за вас

од  |  0 коментари

Во скорешен натпис во списанието Cosmopolitan наидовме на една старија со фотографии која би сакале да ја споделиме со вас. Знаеме дека мажите се потешки за детектирање, но нивните его излегува на виделина, а жените секогаш треба да бидат внимателни и правилно да ги прочитаат знаците кои неговото тело ги кажува. Сакате да бидете таа што прва ќе стане и ќе се откаже од неуспешната врска или состанок пред тоа да го направи тој?…Тогаш сте на вистинското место..продолжете со читање…

Во раните фази на една врска,како на пример кога за првпат ќе се запознаете потребно е да научите како да ги читате следните сигнали за да имате претстава што всушност тој мисли за вас

1. Неговите зеници се зголемени. Ова е знак дека е фокусиран на вас и дека ве посматра со прецизност. Зголемувањето на зениците според истражувањата е знак дека му се допаѓате на соговорникот и дека тој е привлечен од некаква ваша физичка карактеристика на која се фокусира со погледот.

gallery_nrm_1424472390-pupils

2. Ги подигнува веѓите. Луѓето имаат тенденција да користат потсвесни изрази на лицето.  Подигнувањето на двете веѓи значи дека соговорникот сака да ги отвори подобро своите очи затоа штому се допаѓа тоа што го гледа. Кога неговите веѓи се поткренати значи дека со внимание ве следи што зборувате и е заинтересиран за тоа што го зборувате.

gallery_nrm_1424472626-eyebrows-1

3. Ги покажува своите предни заби додека се смее. Мажите се смеат и со заби само кога се навистина среќни. Мажите често знаат да се насмеат под мустаќ , но кога навистина му значите тој ќе се смее и без повод и ќе ги покажува своите заби додека го прави тоа- потсвесниот сигнал барајте го по неколку состаноци.

gallery_nrm_1424474904-teeth-smile-1

4. Има широка насмевка. Вистинските насмевки според психолозите се насмевките кои се широки и ја опфаќаат целата уста, се подига челото,  а очите при таквите насмевки се благо подзатворени. Доколку неговата насмевка го опфаќа целото негово лице, тоа знали дека имате одлично влијание врз него, и дека колку почесто ве гледа на таков начин, толку поверојатно е дека побрзо ќе се зањуби во вас.

gallery_nrm_1424472959-fake-smile-1

5. Си ги лиже усните, на сладок, а не на “налудничав и перверзен” начин.  Психолозите упатуваат на тоа дека, кога не привлекува некој , нашата усна шуплина продуцира екстра количини на плунка, поради што мажот /жената најчесто реагира со лижење на усните, а потоа и нивно спојување. (Колку побрзо си ја лижнува усната, толку е помалку морничава ситуацијата, а интересот поголем).

6. Се гледа во вашите очи, а не во вашето лице. Можеби помислувате веднаш дека штом мажот не го  тргнува неговиот поглед од вашето лице дека е заинтересиран за вас. Постои ново правило кое укажува дека кога мажот во текот на интеракцијата со вас 80% од времето го поминува со гледање на центарот на вашето лице- очите, устата и носот тој е заинтересиран многу за вас.

gallery_nrm_1424472890-eye-contact

7. Зема длабок здив кога ќе ве види.
Кога мажот зема длабок воздух, тоа е само еден начин на кој собира храброст за да ви пристапи. Во текот на ваквичот чин мажите потсвесно собираат воздух за да направат градите да им изгледаат пошироки, а половината потесна -односно да бидат попривлечни за вас, а воедно и посмело да настапат пред вас, што е и повеќе од позитивен ефект врз вас.

8. Се наведнува на кај вас додека разговарате. Оваа постапка во гласно кафуле или ноќен клуб не ја земајте во предвид,меѓутоа на потивкоместо или пак при пиење на кафе, јадење на вечера и сл, тоагаш наведнувањето кон вас има само едно значење,- го привлекувате, и тоа Многу!

gallery_nrm_1424473045-table

9. Го допира вашето колено, или ви ја става косата зад уво. Ова е само знак дека сака побрзо да ве освои за побрзо да заврши со вас. Мажите кои имаат чувство и со резерва се обидуваат да ве допрат на ваков начин се плашат од вашето одбивање и им значите.

10. Покрај вас седи со раширени, а не прекрстени нозе. Прекрстените нозе се знак за резерва, односно недоволна заинтересираност, конзервативност спрема вас, мала привлечност, додека пак раширените нозе се знак на привлекување. Кога мажот покрај вас седнува со раширени нозе тоа значи дека сака подобро да ве запознае.

gallery_nrm_1424473285-sitting

11. Колку подалеку стои од вас толку е помалку сексуално и платонски заинтересиран за вас.
gallery_nrm_1424473335-pelvis

12. Ви зборува без да се соочи со вашиот поглед. Некогаш пва е знак за страмежлив пристап и страмежлив маж,меѓутоа психолозите овој пристап го посочуваат со резервацијата кон чувствата кон вас. Додека мажот зботува и ве гледа во очи тогаш има чесни намери кон вас, и чувствува силна конекција кон вас.

gallery_nrm_1424718014-facing-forward

13. Си го допира грлото. Грлото е знак за комуникација и ранливост. Доколку мажот при интеракција со вас го допира своето грло, тогаш тоа значи дека тој е заинтересирн и загрижен како го перципирате за време на разговорот. Контекстот на допирањето на грлото во одредени ситуации може да значи и нечесност и лаги, затоа овој потег треба да го протолкувате заедно со останатите сигнали на телото се со цел , д ане го интерпретирате погрешно.

gallery_nrm_1424473867-neck

14. Ве држи цврсто и блиску за рака. Кога ве држи за рака не значи дека негува најискрени чувства спрема вас.психолозите советуваат дека блискоста на дланките и степенот на интеракција додека се држите за рака е клучен за да ви покаже дали личноста чувствува нешто спрема вас. Колку дланките и се подалеку од вашите, личноста толку повеќе е понесигурна што чувствува спрема вас. Колку е посилен пристисокот на рацето кога ви се споени, толку ви е посигурен сегашниот статус на врската и нормално заинтересираноста.

gallery_nrm_1424473921-holding-hands

15. Чекори блиску покрај вас. Заедничкиот од секогаш има голема улога врз статусот кој го имате во врската. Доколку мажот е секогаш два чекори пред вас тоа значи дека е несигурен што чувствува спрема вас.

gallery_nrm_1424474612-walking