Мали нешта за покажување на голема љубов

од  |  0 коментари

Малите нешта секогаш оставаат голем впечаток. Ова особено важи за врските, во кои најмалите гестови можат да покажат големо внимание и искрена љубов. Ова е листа на неколку мали, но значајни нешта кои можете да ѝ ги „подарите“ на партнерката правејќи таа да се чувствува посебно.

couple love hugging hug miss u alone sad girls kissing kiss cute emo making love photography tumblr (12)

Помагајте ѝ со товарот

Секогаш помагајте и на вашата сакана со нејзиниот товар, бидејќи ретко која девојка „обожава“ да се килави. Таа ќе ви биде многу благодарна, а вие ќе испаднете прав џентлмен.

Делете ѝ комплименти без разлика на нејзиното моментално издание

Покажете и дека ја сакате во секакво светло или расположение. Без разлика дали таа е облечена во тренерки и обична маичка, укажете и дека сè уште ви е атрактивна и секси, а таа со сигурност нема да остане рамнодушна.

Пазарете самоволно, без таа да ве тера

Кога ќе забележите дека сте го испиле млекото или пак нема ни зрно кафе, појдете и набавете ги намирниците кои ви недостасуваат. Кога самоиницијативно го правите ова, таа ве сака уште повеќе.

man-in-supermarket

Сослушувајте ги нејзините проблеми

По стресниот ден разговорот со партнерот е секогаш вентилот за опуштање и растеретување од нервозата. Оставете ја да ги искаже своите маки и проблеми, а вие сослушајте ја и доколку можете дадете ѝ совет. Жените го сакаат тоа.

Превезувајте ја доколку сте во можност

Понудете ѝ да ја превезете или земете од негде. Нејзиното чувството на олеснување како резултат на избегнувањето на градскиот метеж и гужвата во автобусите ќе биде голем благодет за вас.

Правете ѝ кафе

Можеби е премал и незначаен потег, но кога ќе го помириса моќниот вкус подготвен од нејзината најголема љубов, таа ќе биде пријатно изненадена и ќе ве пречека насмеана. Самиот факт што сте го направиле, без таа да го побара тоа од вас е сосема доволен, дури и доколку не го погодите. Но, еве неколку добри рецепти за кафе со кои нема да згрешите.

man-pouring-coffee-for-woman-in-bed-w724

Згответе вечера, без некој повод

Ништо не кажува подобро „Те сакам“ од маж во престилка, готвејќи нешто вкусно за неговата сакана и тоа без некој посебен повод.

indian-women-want-men-who-can-help-at-home