Што мажите бараат кај една жена?

од  |  0 коментари

Во согласност со еволуционите психолози, уште од камено доба, мажите и жените кроеле различни типови на стратегии за да го добијат она што го сакаат. Модерните мажи и жени затоа денес се програмирани да извршуваат одредени биолошки и психолошки игри привлечни за спротивниот пол.
Во сегашно време науката поставува повеќе прашања отколку одговори кога станува збор за нашите желби и потреби. Од тука со проучувањето на човековото однесување ви  претставуваме неколку научно докажани индикатори кои мажите ги сакаат да ги видат, кај според нив – совршената жена.

1. Модериран невротицизам

Жената која е по малку и нервозна и анксиозна, но не нервозна за да наликува на налудничава,  ги привлекува мажите повеќе од останатите жени. Помалку анксиозните жени им се привлечни на мажите затоа што степенот на загриженост им дава сигурност дека ќе бидат одлични мајки и ќе се грижат за заедничката иднина- кажуваат психолозите.

2. Таа обожава да носи црвено

Andrew Elliot и Daniela Niesta се реномирани психолози кои долго ја истражувале биолошката поврзаност на носењето на црвената боја со биолошката привлечност на мажите кон жената која носи црвено. Жените кои носат црвено особено им изгледаат попривлечно на мажите затоа што црвената боја примарно асоцира на секс, привлечност и еротицизам.

3. Идеални пропорции (половина и колкови)

Постои т.н магичен број кога станува збор за соодносот помеѓу половината и колковите на жената кои мажите ги возбудува. За Америка овој сооднос изнесува 0.7 односно половината е сразмерно помала од колковите.Пошироките колкови укажуваат на поголема плодност, но помалиот сооднос помеѓу ширината на половината со колковите и медицински укажува на проблеми со неплодност и циститис што биолошки е предодредено кај мажите да побуди помал интерес за одредена жена.

4. Поголеми очи и посиметрична уста

Мажите обожаваат жени со поголеми очи (без разлика на нивната боја), а исто така ја перципираат и гоемината на устата, односно устата не е потребно да биде преголема меѓутоа да биде симетрична .

5. Атрактивност на телото

Еден од најбитните факти кај женската привлечност не е нивното лице туку нивното тело.
Мажите на прв поглед не често го перципираат женското лице туку женското тело. Девојки не се залажувајте шминката на лицето не им е битна на мажите, битно им е убавото оформено тело.

6. Емоционална е и сочувствува

Жените кои имаат поголемо чувство за емпатија им се попривлечни на мажите. Бесчувствителните жени кај мажите создаваат чувство на несигурност, а притоа мажите не ги гледаат како “материјал” за сопруга.