3 утрински ритуали кои ги препорачува Лујза Хеј: еве како вашиот живот зависи од првиот час од будењето секој ден

од  |  0 коментари

Луиз Хеј тврди дека oд првиот час по будењето ќе зависи и тоа како ние го помине остатокот од денот.
Како да го започнете денешниот ден ? Кои се зборовите кои први ќе ги изговорите ? Дали сте се пожалиле, или сте приговарале? Дали сте се заблагодариле што дошол уште еден нов ден? Со помош на советите од Лујза Хеј и кратка медитација секое утро отворете го својот живот кон нови, посветли, посвежи утра и денови.

1. Воспоставување на утрински ритуал кој носи радост

Направете свој или копирајте го оној кој го препорачува Лујза Хеј а е веќе проверен. Утринскиот ритуал е само чин кој не е тешко да не направи и не одзема многу време. Кога ги отвората своите очи и додека сеуште сте во кревет повторувајте во себе: ”Денес е многу добар ден. Денес ќе биде голем ден.”
Заблагодарете му се на своето тело, направете неколку вежби за истегнување и повторувајте афирмации на глас како: Денес ќе биде прекрасен ден, јас сум силен/силна и ќе успеам да создадам подобра идниан. На овој начин, во само неколку минути фокусирајте се на позитивни резултати, благодарение и охрабрување со цел да се мотивирате себе си за позитивни резултати во денот кој следи.

2. Креирајте позитивни мантри- афирмации кои ќе ги насочите кон вашите дневни активности

Овие афирмации често кажувајте ги за време на утринските рутински активности како пиење на утринското кафе, четкањето на забите, патот до работа… Секоја акција наутро придружете ја со афирмација  (на пр. Јас сум магнет за убави нешта. Секој ден носи нови можности…).

Позитивна трета медитација

”Замислете си дека стоите во ходникот на својот живот.Зад вас стојат многу затворени врати. Врати кои се работи на кои веќе не мислите и кои веќе не ги изговарате и искуства кои веќе ги немате. Пред вас е ходникот на кој не му го гледате крајот.Се забележуваат само бројни неотворени врати, вратите на новите искуства. Замислете како чекорите и ги отварате вратите со најубави искуства- среќа, мир, здравје, благосостојба, љубов, врата на разбиратње, сочувството, простувањето, вратата на слободата, вратата на самодовербата и неизмерната љубов кон себе. Сите врати се пред вас. Која врата прва ќе ја отворите?
Верувајте му на внатрешното чувство кое ве води кон оние искуства кои за вас се најдобри и ќе ви овозможат напредок. Без оглед на тоа која врата ќе се отвори или затвори- не заборавајте секогаш сте сигурни”.

Извор: sensa.rs