Креирање на хармонични партнерски односи

од  |  0 коментари

За да се креира едно  хармонично, среќно партнерство потребно е знаење и вештина, не како што би рекле повозрасните – среќа или судбинска предодреденост.
Создавање на складно партнерство е сложен процес, бидејќи, за почеток,има потреба од создавање на  една сосема нова култура на односите. Прво таа се однесува на почит и љубов  спрема себе си, а потоа и кон партнерот.

Всушност, во денешно време многу луѓе не можат да пронајдат соодветен партнер. Суштината на овој проблем, покрај можните  “објективни” ограничувања,  може да се пронајде во  недостатокот на љубов кон самите себе. Таквиот недостаток на љубов вообичаено резултира со  недостаток на свест за сопствената вредност, и неможност личноста да го заштити својот личен  интегритет.
А човек кој е во можност да прифаќа безусловно, да дава поддршка и љубов, и да има почит кон себе е привлечен и интересен за другите.

Покрај тоа, откако ќе влезат во врска, партнерите треба да бидат во можност да го доживеат партнерството и како средство за личен развој. Тоа не значи дека постојано опсесивно ќе го набљудуваат партнерот, и дека ќе трагаат по врска помеѓу одредени реакции и нивните можни причинители, туку дека ќе поработат на своето неприродно однесување се во склопот на постигнување на хармонија и баланс во врската. Поголемиот дел од луѓето немаат ваква перцепција за партнерствата односно културата на меѓучовечки односи, затоа што невозможно е да се најде решение на партнерските односи со игнорирање, потиснување на чувствата и очекување дека проблемите со текот на времето ќе успеат сами по себе да се решат.
Ова сценарио ретко и дека постои.

Во налетот на следните проблеми, тој ќе се манифестира со поголем интензитет и сила и прашање е на време кога лицата ќе се согласат да работат конструктивно на ова прашање или едноставно ќе се разделат со изјавата дека “не се едноставно еден за друг.”
Можеби и не биле, но тоа не може да се знае за сигурно, бидејќи не се ни обиделе да погледнат констурктивно кои се нивните односи во врската и дали биле еден за друг.

Што се однесува до основните предуслови  за хармонично партнерство, тие може да бидат следните…
Прво и основно, партнерите треба да бидат посветени на врската, бидејќи партнерство не може да функционира како однос доколку и  двата партнери не сакаат да останат во партнерскиот однос, или да бидат лојални еден на друг. Потребна е исто така и согласност односно заложба во партнерскиот однос од страна на  двата партнери, но воедно психолозите потребно е покај заеднички да работат со секој од партнерите поединечно.

Доколку партнерите сакаат да останат заедно, потребно е да се види дали тие сакаат да работат на создавање на хармонично партнерство или не (односно дали ќе очекуваат дека партнерскиот однос сам по себе ќе биде квалитетен или пак ќе се посветат да го направат таков).
Свесното, активно учество во партнерството нема други  алтернативи.

Можеби ваквиот однос во партнерството звучи како  недостижна утопија, но затоа пак потребно е да се нагласи дека постои и конструктивна алтернатива на лошите партнерски односи и традиционалните модели. Доколку мислите дека спиритуалните лица кои се спремни за работа на себе можат да постигнат хармонични односи и дека за другите парови ‘’нема спас’’ – тогаш добро е да се напомене фактот дека спиритуалноста и активниот пристап кон креирањето на добрите партнерски односи  немаат некаква поврзаност помеѓу себе.  Имено, постојат и модели  кои се водат кон одредени конкретни модели на размислување, однесување, начини на исхрана или вежбање со цел да се зачува физичко здравје (и кои можат или не мораат да имаат конкретна врска со духовноста ) а од тука  можеме да заклучиме дека постојат и одредени модели кои создаваат или одржуваат хармонично партнерство кое може да се негува исто како што може да се негува и здравјето, убавината, духовноста….итн.

Создавање партнерства  има и техничка природа , а не само “судбинска” . Затоа без активно да се работи на создавањето на свесни партнери  не може да постои успех во односите.
Партнерскиот однос е средство за личен развој.

Ако не го доживеете на  овој начин, тој на крајот може да стане тежок товар за двата партнери.  Под притисок на ваквиот товар, партнерство или преминува  во традиционален модел на меѓузависност или истиот се раскинува.

Доколку постои волја и двата партнери се спремни за соработка (или можност таков вид на подготвеност да се креира), работењето на партнерскиот однос може да продолжи со утврдување на потребите, желбите и целите на двата партнери низ паралено разјаснување на пречките во комуникацијата (“маѓепсаниот круг” во односите). Диверзиите, приговорите, длабокиот внатрешен отпор и ‘’замките’’ на меѓусебниот однос темелно е потребно да се раздвојат и разгледаат поединечно со помош на дополнителни терапевтски постапки со цел постигнување на хармоничен однос.

Партнери кои сакаат да работат заеднички на создавање на хармонични партнерски односи, може да ги подобрат своите односи со прилагодување на своите желби и потреби, вредности и цели, преку развој на потребниот квалитет на врската и остранување на внатрешно-партнерските пречки ( трауматски искуства, токсична поврзаност, идентификација, приврзаност кон поранешни партнери или модели со лошо влијание).
Сè може да се постигне доколку постои волја и речиси ништо не може да се подобри доколку таа не постои . Како што денес ,кога зборуваме за  уредување на  партнерските односни , повеќе или помалку  станува збор за решавање на техничко прашање, така  и создавањето на хармонични партнерства станува прашање на избор, а не само предодреденост. Луѓето потребно е свесно да работат на односите во својот партнерски однос. Доколку  партнерите се подготвени да ги  искусат сопствената односи како средство за личен развој,  пред нив се отвора патот на исполнувањето на нивните цели, патот чии граници ги одредуваат самите партнери, а  не “добрата или лошата судбина”.

А, степен на личното исполнување по постигнувањето на хармоничен партнерски однос ќе достигне највисок степен.

Извор: Томислав Будак