Дали можете да претпоставите каде се наоѓа најголемата новогодишна елка на светот

од  |  0 коментари

Висока е скоро 85 метра,додека пак тежи 542 тони.Она што сигурно неможите да погодите,колкав број на ламбички ја красат оваа ,,џиновксаелка.

 

А каде би можела друго место да се наоѓа ваква елка, па се разбира во градот на вечната забава Рио де Жанерио, каде што веќе новогодишните и божиќните прославувања започнаа со традиционалното осветлување на оваа огромна елка.

Оваа елка беше прогласена за најголема елка на светот во 2014 година.

Со висина од 85 метра и тежина од неверојатни 542 тони,  деновиве беше осветлена со  музички и пиротехнички спектакл на кој што присуствуваа маскоти  Олимписки и Параолимписки игри кои ќе се одржат во Рио де Жанерио во 2016 година.

Најголемта новогодишна елка ја красат 3.1 милиони ламбички, кои што ќе светат до 6 јануари. Според официјалните податоци од Гинисовата книга на рекорди ова е најголемата новогодишна елка на светот.

А како изгледаше спектаклот на осветлување на оваа огромна елка погледнете и самите: