Денес е Светски ден на мирот- пронајдете мир во себе пред да го барате во надворешни извори

од  |  0 коментари

‘’Мир со самиот себе можеш да создадеш само ти’’ – Ralph Waldo Emerson

Emerson спознал дека внатрешниот мир не зависи од тоа каде живеете, па ниту пак со кого сте. Вистинскиот мир е нешто кое го носите во себе без оглед на надворешните околности.Колку далеку и да отпатува, човекот секогаш патува во друштво на сопствената совест и со неа се враќа повторно во својот дом. Никако не можеме да побегнеме од своето внатрешно битие. Доколку се чувствуваме оптоварени се некој проблем, го понесуваме со себе каде и да одиме. Од друга страна пак, доколку нашата совест се наоѓа во состојба на благ спокој, тогаш може да биде исполнета со внатрешна сила и спокој.

“Доколку чувствувате мир со себе, тогаш и погледот на светот ќе биде спокоен, кога целиот тој мир ќе го споделите со останатите тогаш и останатите ќе имаат мир.”-  Thom Mereton

Еден од начините на кои се остварува успешност на овој свет е посветување на она што нам ќе ни обезбеди спокојна совест. Тој спокој е состојба на приемливост која нам може да ни овозможи да бидеме отворени кон другите. Како да се поврземе со тој внатрешен мир? Многу е важно секојдневно да издвојувате доволно време за себе, да поминете одредено време во медитација или да го исполните своето време со активност или хоби кое ве исполнува.

“Не постои пат до мирот, мирот е пат.” – A. J. Muste

“Мирот ќе дојде во посредство со љубовта, разбирањето на другите, прифаќањето и пуштањето, мирот ќе дојде кога ќе допреме до себе и ќе допреме до стварноста.
Мирот не вклучува себичност, ниту пак рамнодушност. Мирот никогаш не можете да го купите за одредена цена. Мирот че го заработите доколку сте искрени кон самите себе. Сопствениот мир ќе обезбеди и мир во семејството, во нашата заедница, град, земја и со тоа и пошироко. Доколку немаме мир во себе, не можеме да го бараме во надворешни извори”– Francois La Rochefoucauld

Кога сами ќе успеете да го откриете тој внатрешен свет, со текот на времето ќе успеете да согледате дека тоа е всушност и единствениот вистински мир кој можете да го постигнете.
За да го пронајдете не е потребно далеку да патувате, потребно е да погледнете длабоко во себе п- во своето битие. Надворешните околности можат да се променат во една секунда, а она што сте сметале дека е вашата причина за мир оддеднаш да исчезне. Но кога еднаш ќе стекнете/ќе осознаете што е вистински мир, тој ќе остане покрај вас и покрај динамичното менување на светот.

Мирот не можете да го пронајдете на друго место, лутајќи од едно место на друго. Таквиот пристап води до разочарување. Наместо тоа, секој ден поминете дел од своето време со себе, ослободете се од грижите, длабочината на внатрешниот мир може да ни донесе внатрешна духовна светлина , мудрост и насочување.
“Доколку не пронајдеме мир во себе, залудно е да го бараме на друго место.”