Книги кои инспирираат

од  |  0 коментари

Дали често сакате да промените нешто суштинско за да ја пронајдете смислата на работите и случувањата околу вас? Најчесто психолозите советуваат да се преиспитаме длабоко себе си за да го пронајдеме она значајното и она што од нас ќе го извлече најдобротото. Некои тоа го прават преку своите и туѓите животни искуства. За сите вас кои обожавате инспирацијата да ја црпите од добра мотивациона литература тогаш ве советуваме да ги прочитате следните неколку книги.

Овие неколку дела успеале да инспирираат милиони луѓе ширум светот, зошто не би ве инспирирале и вас?

 “1000 години самотија” – Габриел Гарсија Маркез

Ова дело е дело на еден од најголемите писатели на сите времиња, ова е дело на правецот наречен магичен реализам, дело кое многу тешко може да остане незабележано и заборавено низ страниците на светската литература. Ова дело е магично, зборува за нов свет и претставува метафора за се она што реално ја отсликува човековата состојба и политиката во малиот измислен свет Macondo.

 “Алхемичарот” – Паоло Коељо

Роман низ кој писателот преку главниот протагонист кој трага по богатство ќе ни покаже како сите најголеми богатства кои ни се потребни во животот треба прво да ги пронајдеме во самите себе. Оваа книга е сведоштво за моќта на трансформирањето на нашите соништа во реалност преку следењето на нашето срце.

“Тајната”- Ронда Бурн

Овој бестселер се однесува на утврдувањето на правилата на привлекување на добрите работи кон нашиот животен пат, а особено е важна во ова поле затоа што ги мотивира луѓето да застанат исправено, да го подобрат својот ментален, емоционален став во животот со попозитивен и подобар, да веруваат во себе повеќе и да добијат загарантиран успех на секое поле.

“7 Навики на високо ефективните луѓе”- Стивен Ковеј

Оваа книга се реферира често како една од најинспиративните книги досега напишани со продадени повеќе од 15 милиони копии. Оваа книга се води по позитивата: “Додека личноста не може да каже длабоко и чесно-  “Јас сум тоа што сум поради одлуките кои ги донесов вчера“, таа личност не може да каже – “Одбирам и одбрав поинаку”. Прифаќањето е дел од продолжувањето напред во животот…

“Вторниците со Мори”– Мич Албом

“Не се откажувај премногу рано, но откажи се на време.”

Книга која ги опишува мемоарите на човек на смртна постела, книга која може да ве натера да размислите уште еднаш што е она што ви е важно во животот. Основната идеа е здобивање на нова перспектива на секојдневието и неговата важност во нашето постоење на Земјата.

Човековата потрага по значење- Виктор Френкл

Инспиративна и високо влијателна приказна за искуството на писателот како заробеник во Аушвиц за време на Втората Светска Војна. Тој страда и се соочува со персонален хорор, но без оглед на се што му се случува тој сепак учи лекција од сите тие страдања и ја споделува со светот.