Фризура – кратка и секси

од  |  0 коментари

Кратка коса може да ве подмлади, освежи лице, но и да го нагласи Вашиот сексипил.

Долга коса не е единствен атрибут на женственост и треба да знаете дека нема ни малку да изгубите на префинетоста доколку се одлучите да се истрижете на кратко. Прво што треба да направите е да разговарате со фризер, кој ќе анализира облик на Вашата глава, лице и структурата на косата и ќе Ви даде најдобри предлози. Кратка фризура се препорачува на личности кои имаат вишок на килограми бидејќи кратката фризура визуелно го намалуваат лицето. Личности со нежни црти на лице најдобро ќе ги искористат сите предности на кратката фризура, кои на нив ќе изгледа многу женствено. За по впечатлив изглед комплетирајте Вашата нова кратка и слатка фризура со интересна шминка – такви фризури го отвораат Вашето лице и затоа е најдобро да ги нагласите очите со сенка или ајлајнер. Сигурно нема да згрешите.