Совети за здрава и блескава коса

од  |  0 коментари

Главната причина за оштетени врвови на косата е таа што косата нема доволно храна и вода, а тоа е најчест проблем кај жените со рамна коса. Откријте како да ја спречите појавата на испукани и расцутени врвови.

Честото перење на коса – пречесто перење на коса може да предизвика расцветување на врвовите и да ја оштети косата. Силните шампони можат да ја направат Вашата коса сува и слаба доколку ги користете премногу често.

Грубо чешлање на коса – чешлањето е еден од главните причини на расцутени врвови, Грубото чешлање може да предизвика пукање, посебно кога е Вашата коса водена.

Избегнувајте ги хемикалиите – избегнувајте ги хемикалиите и бојадисување бидејќи тоа ја оштетува косата. За да Вашата коса биде здрава, секако треба да ги избегнувате производите кои содржат алкохол, бидејќи тоа миже да предизвика и оштетување на косата.

Апаратите за коса – апаратите како што се фен или пегла за коса, можат да ја направат Вашата коса сува. Фенирањето на коса, покрај тоа што ја исушува косата, може да ги направи Вашите врвови расцутени. Обидете се да некое време користете серум против топлина, секако, пред да ги користете овие апарати.

Надворешни фактори – заштитете ја Вашата коса од сончевата светлина, бидејќи сонцето може да ја направи сува. Сува коса е причина за расцутени врвови. Обидете се да ја покриете косата со шапка кога излегувате од домот, како би спречиле било какво оштетување на косата.