Што е личен раст и развој?

од  |  0 коментари

Личниот развој уште е познат како развој на личноста и личен раст.
Вклучува раст во сите аспекти на личноста, работа на чувствата кои личноста ги има за себе или за другите и нивната ефективност во секојдневието.  Вклучува развој на позитивни животни вештини и развој на реалистични цели и здрава само-доверба.

Личниот развој вклучува ментален, психички, социјален, емоционален и духовен раст
кои и овозможуваат на личноста да живее продуктивен и задоволувачки живот во рамките на обичаите и правилата на општеството. Ова се развива со помош на развојот на животни вештини.

Овие животни вештини се неопходни за успешно живеење во склоп на продуктивен и задоволувачки живот во рамките на неколку категории: чувствата за себе, интимноста, семејството, пријателите, заедницата, работата, слободното време и духовноста.
Учењето на животни вештини помага за зголемување на способоста за препознавање на сопствените и чувствата на другите, овозможува примање и давање на feedback, поставување на реалистични и одржливи цели и креирање на стратегии за решавање на проблеми.

Зголемен личен раст и развој се цели на многумина, започнувајќи од лицата кои имаат проблеми во врските со другите или пак оние кои патат емоционално поради ниската само-доверба, патат од анксиозност или депресија. Оваа категорија вклучува и индивидуалци кои се маргинално или пак многу успешни, но сакаат да ја подобрат својата ефикасност, способноста да се поврзат со другите,  да бидат способни да постигнат генерално ниво на сатисфакција и да уживаат во секојдневието.

Секој го дефинира личниот раст по свои мерки. Некои на него гледаат како можност за еволуирање а други на него гледаат како патување.

Личниот раст е потрага по позитивни активности, искуства и едукација. Процесот ја зголемува свесноста и отвореноста за можностите подалеку од постоечките перцепции и ограничувања. Личниот развој се фокусира на можностите, желбите и живеењето со целосен потенцијал. Личниот развој се наоѓа во процесот на разбирање и прифаќање од страна на околината и општеството.

Како го дефинирате вие личниот развој?
Ве покануваме на работилницата за личен развој на 02.02.2017

Реализатори на програмата се:

Марија Стефанова, лиценциран психолог, професионален обучувач на возрасни, тренер по асертивна комуникација

Деспина Стојановска, лиценциран психолог, системски семеен советник, професионален обучувач на возрасни

Заинтересираните ги замолуваме да поставуваат прашања во инбокс или на следните адреси:

mastefanova@yahoo.com и stojanovska.despina@gmail.com , како и на тел.броеви

075426946 Марија Стефанова и

078666333 Деспина Стојановска