Разум или интуиција?

од  |  0 коментари

Колку пати ви се случило да се најдете во ситуација некој ваш близок или  пријател  однапред да донесува правилни одлуки, а при тоа немајќи повеќе информации од останатите луѓе, ниту големо животно искуство? Вашиот пријател најверојатно се водел според својата интуиција или разум.

Двете, и разумот и интуицијата можат да бидат меч со две острици во било кој сегмент од секојдневниот живот. Разумот може да ви биде од голема корист во работењето, но и интуицијата. Меѓутоа може да се случи и спротивното. Исто е и со емоциите.

Интуиција е претчувство за крајниот исход на ситуациите, кои сѐ уште не завршиле. Сите од самото раѓање располагаме со одреден степен на интуиција и ако знаеме како да ја препознаеме и развиваме, може да ни користи во сите полиња од животот.Ако претчувствувате дека нешто ќе се случи во некоја точка во иднината, значи дека имате интуиција. Во ситуациите во кои сте постапиле правилно, дури и кога не сте биле сигурни што треба да правите, поверојатно е дека одлуката која сте ја донеле како резултат на вашата интуиција, а не поради тоа што сте имале среќа.

222

Добро е ако имате развиено аналитичка интелигенција и ако при донесувањето на важни одлуки предност и давате на логиката.Статистиката и математиката не ја развиваат рационалноста. Работата е во тоа да умеете да се снајдете во ситуации кога треба да се покаже објективност, да умеете да ја сфатите суштината и одлично да реагирате.

Зошто интуицијата е толку многу важна?

Да претпоставиме дека започнувате ваш сопствен бизнис, при што имате избор да одлучите какви ќе бидат правилата на работа во фирмата. Од некој ваш соработник имате големи очекувања и мислите дека можете да му верувате, но во вистинскиот момент некој ваш близок човек со моќни интуитивни способности ве насочува во друг правец, советувајќи дека тој колега не е вистинскиот избор за вас. На крајот и самите сознавате дека тој бил во право. Секој од вас има слушнато дека луѓе решаваат во последен момент да не се качат во авион, бидејќи јака интуиција им кажува дека не треба да патуваат тој ден. После кратко време, се дознава дека авионот се срушил. Убавината во интуицијата е токму во тоа, можноста да ја користите како голема дарба, каде и да сте.

intuition_typography

Како да ја развиете сопствента интуиција?

Ако настојувате да станете што е можно посвесни за природата на сите случувања околу вас, ќе развиете и посилно чувство за функционирањето на животот воопшто. На тој начин ќе го избистрите умот и ќе и помогнете на вашата интуиција да ве води до вистинските одговори кои ги барате.Интуицијата ја носите секаде со вас и таа може да ви помогне во многу различни животни ситуации. Но, понекогаш емоциите и секојдневните работи може да ви ги засенат мислите и да не сте во можност да ја препознаете. Тука настапува на сцена разумот.

FreeImageWorks.com_

Затоа секогаш велиме гледајте го светот околу вас, воочувајте ги работите.Не дозволувајте да чекорите низ светот со затворени очи. Во исто време гледајте и длабоко во себе и бидете сигурни никогаш нема да погрешите!