Креативен маникир

од  |  0 коментари

Ако имате неколку полупразни лакови за нокти, а не сакате да ги фрлите, вистинско е време да малку експериментирате и од стари лакови направете нови.

Додадете светулки – во полупразниот лак додадете разнобојни светулки во прав и уживајте во нов ѕвезден маникир.

Додадете сенка во прав – преостаната сенка за очи исто така можете да искористете за нов маникир. Додадете неколку нијанси од сенката во лакот, добро протресете и лакирајте ги ноктите. Резултатот ќе Ве воодушеви.

Направете сами матиран лак – матирани лакови се секогаш хит, и многу лесно можете да го направите сами. Додадете малку скроб од пченка во лакот, добро протресете го лакот, измешајте го со четчето и потоа нанесувајте на ноктите.

Измешајте неколку различни бои – направете нови нијанси. На хартија испробајте како се сложуваат одредени бои, а потоа мешајте ги со остатокот од Вашите лакови.