Модерни диети за слабеење пред лето. Диета 5:2
Најпрво да го дефинираме терминот ДИЕТА во вистинска смисла на зборот- диетата е начин на исхрана , не е само начин кој придонесува само до брзо слабеење, што значи дека доколку се обидувате да го промените својот изглед за секогаш, да ослабите и да го задржите таквиот изглед на телото потребно е константност во исхраната и примена на здрав начин на исхрана и активен живот, се со цел да не се постигне YO_YO ефект.
5:2 диетата уште се нарекува и БРЗА ДИЕТА, се базира на принципот на пост во викенд, односно се јаде нормално за 5 дена во неделата (се конзумираат до 1300 калории дневно)–секако без конзумирање на многу шеќери и производи кои содржат скроб , а во рок од викендот (препорачливо- поради намалениот обем на активности, стрес и работа) се препорачува калориски внес за жени до 500 калоррии, а кај мажи 600 калории.
Во двата дена за пост се прави потполен пост и се конзумираат само течности и необработена посна храна како: вода, вода со лимон, џусеви, смуди, свежо овошје, зеленчук и сл.
Овој тип на диета наликува на постењето во месечевата диета со исклучок на тоа што во месечевата диета деновите за пост се денови кога се конзумира само вода.
Препорачано е да се вежба модерирано 3 дена во неделата по минимум 1 час дневно, се со цел да се модерира метаболизамот на мастите во телото и да се забрза процесот на губење на килограмите, одржување на редовна столица и празнење на цревата.
Со оглед на тоа што брзо се губи тежина , фановите на оваа диета тврдат дека можат да си го подобрат својот перформанс, забележуваат подобрување на мозочната функција и себеси си обезбедуваат смирение со што се постигнува ефект кој помага при борба со болести како Деменција или Алцхајмер.
Меѓутоа доказите за ефективноста на оваа диета се ограничени во споредба со другите популарни диети за слабеење низ светот. Една студија од 2010 покажала дека жените ставени на 5:2 диета пшостигнале нивоа на губиток на тежина сличен на оној кога истите броеле калориски внес, а исто така кај нив се развиваат помалку можности да се разболат од хронични болести како Дијабетис тип 2, додека пак резултатите добиени од испитување спроведено во 2012 година сугерираат дека овој модел на исхрана вметнат како начин на исхрана може да помогне кај пациентите заболени од рак кој е во директна корелација со дебелината како на пример рак на дојките.
Позитивни особини на ваквиот тип на диети:
Доколку се држите до ваквиот тип на режим на исхрана за две недели се постигнуваат поголеми резултати отколку за седум дена, па затоа потребно е да се придржувате кон ваквиот тип на исхрана и понатамошно за успешно да го изгубите вишокот на килограми.
Негативни страни на оваа диета:
Нерестриктивните денови не значат дека треба да се препуштиме на неоограничено јадење на секаков тип на оброци и неактивност.
Запаметете дека за да бие ефикасна секоја диета мора да се спроведува во исто време паралелно со физичка активност која воедно и ќе го забрза процесот н губење на килограмите.
Погрешно е кога се прави диета да се одлучите да скратите на калории по секоја цена, прескокнувањето на оброци може да направи да се чувствувате поспано, лошо, да добиете голема главоболка, да бидете иритирани, да имате лош здив па и да имате проблеми со способноста за концентрација. Правењето на здрави избори и физичката активност се клучевите за успех при правењето на една диета. Исто така зборот диета се однесува на начин на исхрана, затоа додека ја правите диетата вие не смеете откако ќе ги постигнете посакуваните ефекти веднаш да се фрлите на нездрава храна туку дел од промените во исхраната да ги вметнете во регуларната исхрана.