Што да не правите во декември месецот кога најмногу врски завршуваат

од  |  0 коментари

Статистички гледано датумите околу декември 11-20,  се сметаат дека се деновите кога најмногу луѓе во светот раскинуваат. Иако пред сезоната на празници и славење, на вас можеби и ќе ви го скршат срцето. Паролата: ивини но вака не можам повеќе, немој да ме мразиш, раскинуваме била најчестата причина за раскинувањето во овој период.  Што откриле истражувачите дека типично се случува по раскинувањето во тој период?

Остранување на сите ваши заеднички слики од Facebook, отсекување на делот од сликата каде што сте биле вие и неколку други реалности се она што во реалниот живот се случува откако ќе раскинете.

Дали сте вие тип на девојка која ќе го следи секое негово објавување на Facebook, секое негово тагирање, секој неков like, дали постојано ќе ја проверувате состојбата на вашите заеднички фотографии? Треба да ви биде јасно дека периодот после раскинувањето, во првите неколку недели ќе ви биде доста тежок, а и сите мали но груби работи кои намерно тој  ќе ги прави само за да ве изиритира ќе ве повредат уште повеќе.

Првата работа е тоа што ќе почнете да исчезнувате од фотографиите на неговиот Facebook профил, ќе се сретнете и со статуси и криптични пораки кои директно укажуваат дека се наменети за вас , а се од типот добро  е да си single.

По овој процес следува неговото фалење пред вашите заеднички  пријатели  со какви девојки почнал да излегува, колку се згодни, имаат убаво тело и се бакнуваат најдобро, колку е посакуван, колку е баран и колку може брзо да “преживее”  и без вас.

Почнува да се фотографира со други девојки,  јавно да им покажува пред сите колку брзо ве преболел и колку вие малку му значите.

Конечно ослабнал, оди во теретана и си го подобрил доста физичкиот изглед, сменил нова фризура, го подобрил стајлингот и успеал да стане според него “главна шема “ во градот. Кога тогаш иако ви го скршил срцето тој ќе ве побара, но не затоа што после сите овие работи тој сеуште е вреден за вас, или сте му недостигале вистински, туку за да проба на каква територија е со вас за да ве бара само кога е сам.

И на крај конечно објавува статус на Facebook “in a relationship”. Што ќе направите?  Ќе го избришете од социјалната мрежа како пријател, ќе престанете да размислувате за него, ќе престанете со опседнување што прави, ќе престанете со прашување на вашите пријатели каде е со кого е и што прави? Илјада зошто но едно за тоа – Не е вреден, достоинствено справете се со се околу раскинот и продолжете понатаму.

Периодот на забава, празници е период кога најмногу треба да се чувствуваме полни со љубов, првично од нашето семејство и пријатели , па затоа не превземјате драстични мерки да го пратите секој негов чекор, уживајте и радувајте се, животот ќе  ви понуди подобар избор.