Невербална комуникација – заведете го со говорот на телото

од  |  0 коментари

Колку и да сте паметни и интересни во разговорот, се чини дека тоа не е пресудно во љубовта. Невербалната комуникација и заведување имаат функција на прв сигнал и привлекување на внимание и затоа се многу битни.

Следете ги движењата на партнерот – Потрудете се да ги забележите неговите/нејзините најчести движења, и вие повторете ги движењата во текот на разговорот. Успехот на оваа метода се толкува со желбата за копирање од оние кои нè привлекуваат.

Гестикулирајте со отворени дланки – Отворете ги дланките, истакнувајте ги нежните делови на рацете, бидејќи тоа се толкува како гест на пријателство, отвореност и достапност. Гестот со дланките надолу се толкува како – подалеку од мене !

Привлечете го вниманието на себе – Кога сте во близина на личноста која сакате да ја заведете, испуштете нешто, наведнете се и соберете го тоа што ви паднало. Ова е стара финта, но понекогаш старите финти се ефикасни. Антрополозите потврдуваат дека објектите во движење полесно ќе ги забележиме отколку оние кои се неподвижни. А зошто да ги испуштаме предметите и да се наведнуваме ? И за тоа постои едноставно решение: наведнато, свиткано тело делува попривлечно.