Поглед кој заведува

од  |  0 коментари

Она што е најважно во заведувањето е да се има позитивни мисли и искрени намери, во заведувањето да не тргнувате од корист или поради некоја друга причина која нема врска со љубовта. Психолозите потврдуваат дека флерт може да биде безопасно заведување но исто почеток на голема љубов.

Еве неколку лекции за заведување:

Гледајте право во очи – личноста која Ви се допаѓа треба да ја гледате право во очи и да се смеете природно. Мала доза на нервоза е во ред, но немојте многу да гестикулирате, брзо да зборувате и да бидете многу гласни.

Поткревање на веѓите – Стручњаците потврдуваат дека поткревањето на веѓите е најнепосреден знак на поздравување меѓу луѓето, се манифестира брзо и кратко и може да се случи да личноста која ви се допаѓа и не успее да види. Ако сакате да ја контролирате ситуацијата, најдобро е да почекате погледите да ви се сретнат, а потоа благо да ги поткренете веѓите.

Трепкање со очите – Доколку зениците се прошират кога сме заинтересирани за некого, тогаш поголемо количество на светлост влегува во Вашите очи, што предизвикување трепкање.Ако допаѓањето и симпатијата е од двете страни, другата личност несвесно ќе усогласува број на трепетење со Вашето и ова ќе ја зголеми привлечноста помеѓу двајцата.

Телесно бидете блиску – седете така да можете случајно да ја допрете личноста која Ви се допаѓа по рамото, но внимавајте да не претерувате во тоа. Некои жени без разлика колку им се допаѓате нема да толерираат навалентни движења во текот на запознавањето.

Зборувајте за интересни и весели теми – зборувајте за убави и весели теми, за случувањата од училиште, од патувањата, бидејќи личноста која Ви се допаѓа мора да се чувствува опуштено и забавно во Вашето присуство. Барајте ги заедничките теми, можеби ги сакате истите  филмови, книги, слушате иста музика, тоа се одлични теми за разговор.

Мали сигнали – постојат тајни сексуални сигнали кои ги испраќате  и кои треба да ги разберете кога некој флертува со Вас. Исто како и останати знаци на невербална комуникација и овие сигнали можат да се научат и да се испраќаат свесно и намерно, но во најголем број на случаеви во спонтаната комуникација се испраќаат инстиктивно.

Убави чувства – флертот мора да ги разбуди убавите чувства и кај Вас и кај личноста со која флертувате. Затоа во желба да оставете впечаток на образована личност  пазете да не звучите како сезнајко, вообразена личност или строга учителка. За опуштање добредојдени се шегите и вицовите но пазете да бидете умерени во тоа. Најдобар совет е да се опуштите и да бидете тоа што сте.

Принцип на сличноста – теоријата која стои зад овој принцип ни кажува дека ги сакаме луѓето кои се слични. Доколку некој се однесува исто како нас, лесно ќе стекнеме впечаток дека ни е сличен на нас, па дури и да мисли на исти работи како нас. Но постојат два ограничувања во овој принцип. Првото се однесува на тоа да одговорите само на позитивни знаци на говорот на телото. А другото се однесува на тоа дека е многу подобро и поприродно движењата да бидат во склад со движењата на соговорникот отколку буквално да ги имитирате движењата.