Нежниот допир на ноќта…

од  |  0 коментари

Ноќната активност на кожата е круцијална за незина заштита и регенерација.
Во митовите и фолклорот, ноќта е време за магични дејства, период кога самовилите ги употребуваат своите моќи, време кога настауваат сите волшебства..

Во кралството на растенијата, цветовите ја користат ноќта за да ги процесуираат нутриентите абсорбирани и креирани за време на денот и да започнат активности за обнова и раст во согласност со Max Planck Institute of Molecular Plant Physiology.

Ноќта е магично време за кожата.
Во основа телото и умот ја процесуираат дневната активност- ткивата на телото растат и се регенерираат, се ослободуваат хормони за раст, телото и умот се полнат со енергија, нутриентите и вишокот на материи се процесуираат.nok

Поддеднакво, кожата се полни со енергија и се обновува за време на нашиот сон. Производството на клетки се забрзува, се ослободува метаболичкиот вишок, протеините ги исцелуваат незините оштетуваваи ткивата се репарираат.  Оваа регенеративна активност на ноќта е и причината поради која производите за ноќна нега се наоѓаат во фокусот на оваа индустрија.

Dr.Hauscka е бренд кој поседува уникатен пристап кон ноќната нега.
Поддржувајќи ги природната убавина , овој Германски бренд својата идеологија ја базира на природните регенеративни процеси на кожата, креирајќи линија на производи за безмасна ноќна нега на водена база кои и овозможуваат на кожата одмор каков што заслужува и и овозможуваат слободно да дише со цел да се регенерира.

Сончевите зраци, влијанието на на ветерот и загадувањето и другите надворешни влијанија не ја афектираат кожата за време на сонот,  затоа кожата треба да се ослободи од  дополнителна нега која вклучува масла и креми, а притоа да се третира само со нежно чистење и тонирање со цел незина стимулација за регенерирања.

За време на денот, кожата ја користи заштитата и негата на производите кои се нанесуваат во текот на денот, но затоа пак за време на ноќта на кожата потребно и е нешто сосема поразлично , потребна и е нега која ќе ги поддржи природните процеси наместо користењето на супстанци кои традиционално се користат во производите за дневна нега.

Ноќниот серум на Dr. Hauschka е лесен нов производ во линијата на безмасна ноќна нега, производ кој содржи низа на ботанички состојки кои и овозможуваат на кожата поддршка при регенерацијата за време на ноќта. Производот се базира на јаболкото- неговите  цутови и овошни екстракти кои влијаат врз поттикнувањето на природната активност на кожата и обезбедуваат одржување на незината влажност, оставајќи ја мазна свежа и сјајна.
niiii
Богато со симболизам, јаболкото е поврзано со Венера, римската божица на љубовта, убавината и плодноста. Јаболката се богати со витамин А и С,  витамини кои делуваат регенеративно врз кожата.

За сосема сладок сон…

Извор: Mindfood Magazine