Што мажите навистина мислат за бракот

од  |  0 коментари

Ако често се прашувате дали мажите сонуваат за нивната венчавка, семејство, жена и деца и што за нив навистина значи зборот “брак”, еве го очекуваниот одговор.

Многу жени веруваат дека мажите немаат исто мислење за бракот како нив. Всушност, сигурни се дека тие ќе имаат убава забава и добро ќе си поминат, во иднина ќе пијат пиво со пријателите и ќе гледаат фудбал а не семејство, деца и се што иде со тоа. Меѓутоа, ако мислите и вие на овој начин, бидете сигурни дека грешите. Точно е тоа дека мажите подолго време се неозбилни и желни за слобода во животот, но со текот на времето кај сите доаѓа оној момент кога сакаат да се задомат и смират.

Ви прикажуваме различни резултати од различни истражувања кои со многу убедливи бројки, покажуваат на кој начин мажите гледаат на бракот. После ова можеби и ќе го промените своето мислење.

Дури 68% од мажите веруваат дека бракот трае “додека смртта не ги раздели”.

Седумдесет и четири проценти од нив сметаат дека постојат “девојки со кои ќе излезат” и “девојки кои може да ги оженат”.

Околу 62 проценти сметаат дека на жените премногу им е важно да стапат во брак.

Дури 60 проценти изјавиле дека нема да им недостасува сексот со другите жени откако ќе се оженат.

Битно им е на 56 проценти од нив да имаат деца дури откако ќе стапат во брак.

Шеесет проценти признале дека бракот им е еден од животните приоритети, а 55 проценти се возбудени поради тоа.

Триесет и шест проценти од нив откриле дека не постои старосна граница до која мажите треба да се придржуваат за да почнат со размислување за брак, туку тоа треба да се случи тогаш кога се спремни.

Сепак, 69% рекле дека кариерата е најважната работа за мажите пред бракот, а 46% сметаат дека паровите пред да се одлучат за брак треба да живеат заедно.

Само 50% од нив сметаат дека жената треба да го земе нивното презиме после венчавката.