Еве зошто мажите не ви приоѓаат
Резултати од најновите истражувања открија сурова вистина – проблемот е во вас…
Комбинациите на облека, високите потпетици и средена фризура, па дури и совршена убавина веќе не се оружје кое може да функционира кога во прашање е заведување. Верувале или не, вашето лице е она кое дава сигнал на спротивниот пол. Меѓутоа, повеќето девојки не знаат баш најдобро да покажат зелено светло.
Резултатите од анкетата Ving girl на различните сајтови како метод покажа дека мажите ве одбиваат поради вашиот незаинтересиран поглед.
Анкетата опфатила мал експеримент по пат на друштвените мрежи. Мажите одговарале на прашањето зошто се помалку се впуштаат во разговор со девојките.
Дури 55% од нив кажуваат дека женскиот незаинтересиран поглед ги одбива и тие не прават ниту било каков обид да им се приближат.
“Мажите се плашат од одбивање. Ако жената гледа во посилниот пол оштро или нервозно, или пак смуртено, зошто тој воопшто би се трудел да и пријде?”, Кажува Марни Кинрис, авторка на бројни изданија од оваа тема.
Што е најлошо, жените не се свесни каква порака праќаат со своето лице. Следниот пат, наместо арогантен поглед, насмевнете му се и пружете му прилика подобро да ве запознае.