Еве зошто луѓето се одлучуваат на неверство

од  |  0 коментари

Пораките, мејловите и друштвените мрежи ни ја олеснија комуникацијата, но за оние кои се во врска или брак, ова може да биде голем проблем…

Истражувањата покажаа дека скоро половина од испитаниците се одлучиле за неверство заради чуство на запоставеност. На нивните партнери телефоните им биле на прво место, а порано им посветувале повеќе внимание додека гледале филм, ги следеле со внимание нивните разговори, а некогаш и биле најлубезни и романтични после секс.

На сајтот за запознавање Викторија Милан испитала околу 6000 членови, од кои 45% биле жени помеѓу 30 и 35 години. Тие признале дека изневериле баш поради тоа што нивните партнери им придавале повеќе значење на телефоните отколку на нив.

Неверството, вистинско или виртуелно, претставува предупредување дека постои проблем во врската. Често осеќаме дека нешто ни недостига во врската и свесно или несвесно, бараме нешто, или некој друг.

Меѓутоа, виртуелното неверство секогаш почнува сосема невино. Прифаќате пријателство на Facebook, се допишувате редовно и се повеќе посветувате внимание на други личности.

Дури 66% од испитаниците изјавиле дека нема да изневеруваат ако нема интернет, но се одлучиле за овој чекор баш од таа причина  бидејќи се чуствувале запоставено.

“Интернетот е меч со две острици во животот на луѓето. Мислењето за користењето на новите модерни технологии дека води кон изолација и не е баш точно, бидејќи воспоставуваме врска со другите. Во моментите кога не се осеќаме исполнето или задоволно во својата врска бараме начин да воспоставиме контакт со други лица , рече Сигуард Вегал, извршниот директор на Викторија Милано.

Се разбира, не смеете да бидете параноични. Сосема е нормално двата партнери да имаат круг на пријатели и луѓе со кои ќе се дружат или ќе одржуваат контакт по пат на друштвени мрежи или пораки.