Како да направите восок за депилација?

од  |  0 коментари

Доколку немате време да одете на козметичар, а влакненцата на лицето почнале да се забележуваат, еве како сами можете брзо и лесно да го решите овој проблем.

Што е потребно?

Мала чинија, една шпатула, тупфери, памучна трака, средство за чистење на лице, 2 лажици кафеав шеќер, една лажица мед и половина лимон.

Подготовка

Во чинијата ставете две лажици од кафеавиот шеќер и една лажица мед, па загрејте ја смесата во микробранова печка додека целосно не се растопи и соедини. Внимателно следете го процесот затоа што смесата може да зоврие. Кога смесата ќе стане доволно густа и течна, извадете ја и додајте и неколку капки лимон, Почекајте малку да се излади и да стане млака.

Користење

Со дрвено стапче или шпатула внимателно нанесете од смесата на влакненцата кои сакате да ги отстраните, и тоа во насоката во која растат, и врз нив цврсто залепете ја памучната трака. Со нагло тргање отстранете ја траката, а со тоа ќе ги отстраните и непосакуваните влакненца. На тупфер или памук ставете средство за чистење и отстранете ги сите остатоци од смесата.