Стилско уредување на домот со елементи на мермер и гранит

од  |  0 коментари

Една од најголемите желби на секој човек е желбата за совршен и топол дом. Потрагата по совршени елементи за негово уредување се чини дека е постојана. Постојано се обидуваме да промениме нешто што сметаме дека излегло од мода затоа што веќе не е квалитетно или пак  веќе го изгубило својот сјај. Во овој дел, при задоволување на претходно напоменатите критериуми постојат два типа на материјали со неограничено широк дијапазон на бои, текстури и дезени кои се безвременски, екстраквалитетни и несомнено немаат век на траење и поминување на мода. Тоа се мермерот и гранитот.

Иако на допир ладни, тие му даваат живот на просторот за живеење, софистицираност, убавина и карактер. Необработени тие се блокови на природен камен кои се формираат во природата под влијание на природните појави и движења, поради кои ја добиваат својата боја, текстура и природно прошарување по површината. Штом во домот внесете нешто што има свој карактер и душа, вие ќе му дадете душа и на просторот во кој тој одреден предмет го внесувате.

Што се може да се направи од мермер и гранит? Можностите се неограничени, па затоа да започнеме една мала тура за уредување од самите надворешни скалила, па се до внатрешноста на домот…

1. Скалила, поплочување на екстериери и фонтани– совршен избор за уредување на надворешноста во дворот е гранитот поради неговата екстремна отпорност за надворешни влијанија. Познат е како најтврдиот и најотпорнот материјал, па затоа несомнено совршено ќе одговара во секој аспект на надворешното уредување.

1

2. Ходници и внатрешни скалила. Мермерот и гранитот како елементи за уредување на ентериерот го одземаат здивот. Несомнено е зошто се обожавани ширум светот и преферирани се од шеици, кралеви, врвни архитекти, претседатели, бизнисмени и обични луѓе. Сите ги обожаваат поради елементот на луксузност, софистицираност и симплицитет кој го внесуваат во просторот кој притоа доликува на простор вреден за восхит.

11

mermer na

3.Стилски подови и столбови со специфичен и уникатен дезен.

Дали знаевте дека можете да уживате во ваков екстравагантен под дури и во зима во рамките на вашите ходници, бањи и соби за престој? Постои мал едноставен и ефтин трик со кој вашиот под ќе стане екстра топол иако е од гранит или мермер (за тоа повеќе во следниот напис), а вие ќе уживате во беспрекорно убав и софистициран дом.

de5

de4

 

de3

 

 

 

 

 

 

 

 

 

4. Бањи

Се од елементи во капатилото, од мијалници, кади, џакузи кади, подови, ѕидови, туш кабини и декоративни елементи- се може да се изведе од мермер и гранит. Било кој од овие елементи и дава ексклузивен изглед на бањата, а комбинирани заедно се беспрекорно одлична комбинација за сечиј дом.

4

5. Украсни Ѕидови, шанкови, полици, еден нагласен ѕид со природен камен и мозиачни плочки од природен камен се само мал дел од промените кои можете да ги направите во вашиот дом и кои со сосема малку труд ќе допринесат да добиете поексклузивен простор во дневната соба, бањата, кујната, ходниците како и работната соба.

kaem3
 6. Камини. Можеби и еден од најпосакуваните елементи во домот е камин. Изгледаат неверојатно, функционаални се доста и внесуваат елемент на луксуз и убавина во домот. Било да се вградени во камен или направени од камен, мермерот и граниотот кај ваквиот тип на елемент допринесуваат до додадена естетска вредност на домот.

kamin mermer

Камин вграден во камен

Камин вграден во камен

7. Кујни

Пултовите, шанкови, работните маси и различните елементи од мермер и гранит во кујната, не само што ќе направат вашата нова или стара кујна да биде функционална за подог временски период од вообичаениот, да изгледа модерна подолго време, туку и ќе допринесат вашата кујна да биде естетски поубава од преостанатите кујни на пазарот.

kujna 1

8. Трпезариски маси, клуб масички, шанкови и многу други  декоративни елементи во домот можат да бидат направени од мермер но и гранит. Предност им е што ќе изгледаат уникатно, ќе бидат поистрајни и ќе направат вашиот простор да блесне во нов подобар сјај.

masa

club masa

При изборот на елемент мора да се внимава и на бојата која се користи, но и на преостанатите елменти како стакло, дрво, метал кои одат патралелно во склоп на севкупниот дизајн.

Можностите за изведба на  најразлични елементи од мермер и гранит се безбројни, а најдобро за тоа знаат професионалците од Leon Company, реномирана фирма која е еден од лидерите на нашиот пазар со многу успешно реализирани комерцијални проекти на згради, објекти, плоштади, фонтани како и приватни проекти ширум земјата. Долгогодишното искуство и експертизата на тимот на Leon Company од проекција до дизајн и изведба ќе допринесе вашиот дом да изгледа совршено и софистицирано.

 

Leon Company,

Адреса: Новачки пат, Битола, (кај центар Пржо)

Телефони за контакт : +389 47 233 500;  +389 75 600 390;

За повеќе информации за компанијата кликнете ТУКА.