Како треба да изгледа една екстралуксузна бања?

од  |  0 коментари

На што прво помислувате кога размислувате за луксузна бања? Џакузи када, луксузен простор за релаксација и уживање, екстра уреден простор?

Мермерот е кралски материјал, тој е најдобриот и најeкслузивниот материјал за  уредување на бањи, капатила и сауни поради неговиот изглед и истрајност доколку е оплеменет за да се користи во бањи. Тој историски со векови наназад е најпознатиот материјал по неговиот изглед и истрајност. Мермерот се карактеризира со неколку бои, а многу добро одговара во комбинација со елементи од дрво и камен. Мермерот овозможува дизајнирање на екстравагантна минималистичка бања, која со додавење на ретро елементи овоможува рафиниран декор.
Модерните бањи  денес во својот дизајн содржат мермер затоа што просто алудира на луксуз, а и се темели и на беспрекорен квалитет. Револуционизирањето на употребата на мермерот во домот може да се согледа низ доста креативни проекти за дизајн на ентериер низ годините.

Посакувате луксузна бања? Погледнете што дизајнерите на бањи сметаат дека е модерно за 2015 година.

1 banja

Бања во бел и бежов мермер

Мермерните бањи не само што се декадентно убави и можат да се реализираат во секаков стил и по сечиј вкус. Не се ограничувајте само на една боја, доколку сакате да рекреирате луксузна бања што сте ја виделе некаде најдобро е да се советувате со специјалист за да си сосредоточите своите идеи.

banja 4

Бања со џакузи обложена со ѕидови и под од мермер

banja 6

Бања со туш кабина со мозаични и обични матирани плочки од мермер

banja 12

Џакузи од оплеменет мермер

banja 11

Ретро-мозаична бања со оплеменети плочи од мермер

banja 10

luxurious-marble-bathroom-designs-17