Убавина 101: Епилација на тело – трајно или долготрајно отстранување на влакна од телото?

од  |  0 коментари

Епилација е метода за отстранување на непосакуваните влакненца од сие делови од телото.
Во зависност од видот и регијата на појава на влакното оваа депилација може да биде трајна или пак долготрајна со ефект на намалување на дебелината, густината и појавата на влакната.
Со повторување на овој третман ефектот значително се зголемува, а и неговата долготрајност.

Како изгледа третманот?
Третманот е многу едноставен и брз. Пропратен е со благо пецкање на кожата, но не спаѓа во групата на ”болни” третмани. Црниот пигмент во влакната -меланин привлекува сноп на светлост, со помош на апаратот доаѓа до апсорбција на голема количина на енергија со која се уништува фоликулот на влакното.
Снопот на светлина делува само на влакната кои се наоѓаат во фаза на раст, третман кој може да се повтори неколку пати за да се добијат одлични резултати и рамномерно покривање на целата регија.

Кога треба да правите епилација?
Идеално време за треманите на епилација се зимските месец кога телото е покриено со слоеви на гардероба и не е изложено на сонце. Исончаната кожа не е идеална подлога за постигнување на добри резултати. По направената епилација не се препорачува пак сончање поради избегнување на хиперпигментација на кожата.

Кои делови од телото може да се третираат?
Сите делови на лицето и телото кои се пррекиени со влакненца од надусници, пазуви, препони, региите на нозете, рацете, стомакот, грбот… Остранувањето на влакненцата е поддеднакво застапено и кај жените и кај мажите , а бројот на третманите зависи од делот од телото кој се третира, полот, типот на кожа и јачината на самото влакно. третманите се повторуваат на секои неколку недели, а добро е и да се знае дека резултатите може да се постогнат уште од првиот третман.
Овој тип на третман не се препорачува на трудници, лица кои имаат некаков тип на кожна болест или пак некој хормонален дисбаланс или пореметување.
lokkkk

ff

instahrammm