Филмска листа за романтичен почеток на викендот

од  |  0 коментари

Ако сте наумиле да поминете романтична филмска ноќ со саканата или саканиот, мора да ги имате во предлог овие филмови

  1. The Fault in our stars

Режија: Џош Бун,Улоги: Шејлин Вудли, Ансел Елгорт, Нет Волф,Времетраење: 126 минути,Премиера: 6 јуни 2014,Оценка: 8.1

Хејзел и Гас се двајца тинејџери кои со симпатии гледаат еден на друг уште од првиот момент кога ќе се сретнат. Гас отворено покажува дека му се допаѓа Хејзел, додека таа пак, иако покажува исти такви знаци никако не попушта пред неговиот шарм. Приказната е прилично едноставна, а тоа што остава впечаток овде се двата главни лика. Хејзел и Гас се супер кул, интелигентни и забавни личности кои можат да водат интересни разговори и да прават уште поинтересни и необични нешта. Уште поимпресивен е начинот на кој што се носат со последиците од својата болест: Гас се шегува на сметка на загубената нога, а Хејзел нема проблем да зборува за цевчето во носот кое ѝ помага да диши..

  1. The vow

Режија: Мајкл Сакси,Улоги: Рејчел Мекадамс, Ченинг Тејтум, Скот Спидман, Сем Нил, Џесика Ланг,Времетраење: 104 минути,Премиера: 10 февруари 2001,Оценка:7.0

Лео и Пејџ се лудо вљубена двојка која штотуку стапила во брак. Таа привршува со студиите на Институтот за уметност, откако го оставила дотогашниот живот зад себе. Не можела да го поднесе фактот што нејзините родители ѝ наметнуваат стегнат стил на живот, нејзиното дотогашно момче и неинтересниот правен факултет. Си заминала од дома, го сретнала Лео, сопственик на музичко студио, се вљубила, а потоа и се омажила за него. Една ноќ тие двајцата ќе доживеат тешка сообраќајна несреќа. Лео ќе помине со полесни повреди, но Пејџ сериозно ќе настрада. Оштетувањата на мозокот ќе предизвикаат губење на меморијата од последните неколку години…

  1. IF Only

Режија: Гил Јунгер,Улоги: Џенифер Лове Хеви, Пол Николс,Том Вилкинсон,Дијана Хардкасел,Времетраење: 92 минути,Премиера: 15 Јули 2004,Оценка: 7.2

Дали е потребно да се случи  трагедија за да сватите колку е битен човекот?  Младиот бизнисмен Иан работи напорно и често ја става работата пред љубовта на Саманта неговата девојка која што е музичар…Што се би направиле доколку ја изгубите саканата/саканиот?Дали би пробале на секој начин да го вратите времето назад?

 

  1. Original Sin

Режија:Мајкл Кристофер,Улоги: Антонио Бандерас, Анџелина Џоли, Томас Јан,Џек Томсон,Времетраење:116 минути,Премиера: 3 Август 2001,Оценка:6.0

Млад човек е втурнат во животот наречен лавиринт на измама,трикови и заблуда.Неговото срце никогаш не е тивко и не се наоѓа во негови раце, тоа  е предадено во туѓи раце. Приказна за фатална и опсесивна љубов..


5.Serendipity

Режија: Питер Челсом,Улоги: Џон Кушак,Кејт Бланшет,Џереми Пивен,Бриџет Мојнахан,Времетраење: 90 минути,Премиера: 5 Октомври 2001,Оценка: 6.9

Дали постои љубов на прв поглед? Случајната средба на Џон и Сара во трговскиот центар  ќе ве убеди во тоа!Тие се запознаваат во ,,луди,, околности но после тој прв момент и двата не можат ,а и не сакаат ноќта да заврши. Но едно знаеја и двата дека еден ден тие сигурно ќе завршат заедно….