Во духот на традицијата

од  |  0 коментари

 

Првата асоцијација на празниците е секако елка, снег, бадник, дрвце, зимзелени гранчиња и поклони, но најголемо внимание ни окупираат различни декорации за домот, кои ни разубавуваат овие студени денови.

Кај православните верници баник и свеќата заземаат централното место за време за Божикните празници, а најпопуларен традиционален детаљ со кој го разубавуваме просторот секако е сувото овошје ( суви сливи, смокви, суво грозје, јатки ). Како основа се користат кошничките кои даваат посебна топлина на амбиентот во секој дом, а тука се и дрвени садови. Многу луѓе на празничната декорација често знаат да додадат и понекое зимзелено гранче, лист или декоративни бобинки, а природните елементи и едноставноста во изборот на обликот и боја секако не доближуваат до традицијата на прославувањето на Божик. Снопчиња од гранки, зимзелени гранчиња или житарки врзани со канап стануваат декоративен елемент без кои денес не можат да се замислат празниците. Освен тие декорации, постојат уште многу начини како да се украси домот за Божикните празници, а тоа можат да бидат и новогодишните украси за елка, лампиони, декоративни ленти во различни бои, спеј кој може да го разубави изгледот на Вашите прозорци … Најбитно е да е вклучите мечта и да ја раздвижете креативноста но и да задржите духот на традицијата.

Декорирање на свечената трпеза

Со интересно декорирање на свечената трпеза можете да ги направите празничните вечери со семејството посебни и за паметење, а воедно и ќе се забавувате. Наједноставно, со декорирани салфетки со празнични мотиви можете да ја разиграте едноставноста на масата, а можете да ставите и Божикни украси како ранчиња од бор, фигури од Дедо мраз, ѕвончиња и слично.

Не заборавајте дека убаво декорираната чинија или ваза со цвеќе во боите на празниците може да ја освежат трпезата

Детска радост

Децата обожуваат Божик затоа што е тоа ден кога добиваат подароци. После семејниот ручек, на нив сигурно нема да им биде интересно да седат со возрасните. Затоа најдобро е да им подготвите катче, најдобро детска соба, каде ќе можат да продолжат со празничните активности. Дадете и на детската соба празничен изглед така што ќе поставете мала новогодишна елка и декорации. Ставете неколку поклони под елката, еден плус поклон е добро дојден.