Радост на дарувањето

од  |  0 коментари

 

Собирањето на семејството во топла и свечена атмосфера на домот благодат е за секој член за семејството, а празниците се идеална прилика да родители и деца разговараат за се што немаат стигнато да зборуваат поради секојдневните обврски.

Нова година и Божик се омилени празници на децата. Радувајќи се околу украсената елка, тие желно исчекуваат да со мама и тато, брат или сестра разменат поклони. Стручњаците истакнаа дека семејното собирање е повеќе од празничен ритуал, затоа што се идеален начин да се семејната заедница зацврсти.

Празниците на крајот на старата и почеток на новата година се омилени и нај возбудливи за најмалите членови на семејството. Поради шарена, празнична атмосфера полна со поклони, честитки, конфети на нив најмногу се радуваат децата. Баш за време на новогодишните и божикните празници родителите имаат можност да искористат и да поттикнат креативност на нивните деца. Во овој период и децата кои одат на училиште веќе се подготвуваат за прославување. Уживаат во правењето на честитки, украси за елка, украсување на училница … Секојдневно зборуваме што да поклонат на драгите личности.

Според педагозите, празници се одлична прилика за собирање и дружење и убави ритуали кои одговараат на секој член од семејството, а моменти на подарувањето имаат посебно значење за психофизичкиот развој на секое дете.

Семејно собирање

Нова година и Божик треба да се дочека во домашна атмосфера со децата. Заедно украсете ја елката и домот и во таа прилика подржете ги идеите и мислењето на детето. На тој начин ќе му покажете дека Ви многу значи и дека многу го сакате. Подароците се исто така важни за децата, затоа што преставуваат доказ дека родителите разбираат нивните потреби. Што ќе поклоните на Вашето дете зависи од многу фактори, битно е детето почувствува атмосферата на дарувањето, но и да тоа самото учествува во поклонувањето. Дозволете му на детето да тоа само направи поклон за членовите на семејството или со месеци поттикнувајте го да штеди пари за да можи да го купи поклонот за драгата личност. Ослушнувајте ги Вашите деца. Важно е да на Вашиот син или ќерка изберете она што е примерно на нивните потреби, желби и интереси. Поклонете им само она што навистина им треба, а нивните подароци примете ги со многу нежност и радост. Децата тоа двоструко ќе ви возвратат, со волшебна насмевка и бакнеж.

Пакетчиња полни со љубов

Педагозите истакнуваат дека е важно и да родителите не поклонуваат на нивните деца само тогаш кога ќе постигнат некаков успех. Би требало да ги даруваат со ситници што почесто затоа што на таков начин ќе ги поттикнуваат на успех и воспитување со пофалбите. Од друга страна, доколку на децата често се поклонуваат многу скапи и вредни работи, тие со текот на време ќе го изгубат чувството за благодарност, нема да знаат да се радуваат на поклонот и да ги ценат други вредности освен материјалните, кога е во прашање поклонот. Во топлиот дом и со обележувањето на одредени празници, децата се социјализираат, ги прифаќаат социјалните норми на однесување кои го негуваат семејството и тие им постануваат важни. На тој начин се учи образецот на комуникацијата, но и тоа како се покажува блискост и внимание.