Водич за избирање на веренички прстен

од  |  0 коментари

Во сезоната на празници особено околу Нова Година и Денот на вљубените се случуваат најголемиот број на запросувања како кај нас, така и ширум светот. Дали сметате дека време е да ја запросите и да ја изненадите за време на најлудата ноќ? Потребно е да изберете вистински прстен по незин вкус. Доколку не знаете кој и каков еве ние ќе ви помогнеме да го направите вистинскиот избор.

Не постои жена која не сака дијаманти, но со оглед на нивната висока цена…злато во жолта или бела боја ја заврши работата доволно добро. Кога купувате прстен добро е да размислите прво каков карактер има вашата најмила па според тоа ќе утврдите дали сака голем прстен, дали сака прстен со големо камче, дали сака прстен кој е нежен и суптилен. Она што е многу битно коха станува збор за веренички прстен е дека треба да биди посебен, во смисла да и биде соодветен на незиниот вкус и карактер затоа што сепак се работи за предмет кој цел живот ќе треба да го носи на својата рака (затоа што ние веруваме во љубов која трае за век).

Доколку сте неодлучни,  еве неколку идеи за најпопуларните веренички прстени кои генерално жените ги обожаваат.

Capture

Т.н “Класика” веренички прстен.

Прстен од бело или жолто злато со еден камен. Најуниверзалниот веренички прстен кој е со безвременски дизајн и естетика и со него не може во никој случај да згрешите. Овој прстен е несомнено најисклучителниот начин за та да ви одговори со Да!

 

Capture

Класичен прстен со еден голем камен и повеќе помали камчиња, е наменет за дами чиј вкус е еленција надополнета со микс на модерно и класично, а цели кон  извлекувањето на најдоброто од двете страни. Овој прстен е солиден избор и несомнено многу добар избор за дами со префинет и истенчен вкус. Елегантен е, а воедно и модерен

1Доколку вашата дама е опседната со камења, циркони и детали, фин накит и детали тогаш ќе обожава доколку и одберете прстен кој сето тоа го содржи

2

Доколку  обожава да носи  помасивни аксесоари на себе, особено прстени,  тогаш таа ќе ги обожава ваквите типови , особено последниот и првиот модел  прикажани во погорниот дел од листата.

3  За девојки и жени со уникатен, единствен и карактеристичен вкус препорачуваме прстен во поинаква боја. Доколку сметате дека секоја девојка не би го сакала, тогаш размислете уште еднаш. Четвртиот по ред прстен со сафир е сличен на оној каков што носеше и прицнцезата Дајана, а сега го носи и Кејт Мидлтон. Штом го одбрала кралица, достоен е и за вашата најмила, без размислување.

И за крај доколку во вашето семејство имате традиција на предавање на вереничкиот прстен од колено на колено, или пак сеуште не сте ја почнале време е да ја започнете, она што е многу битно е што тој подарок е од срце и во себе носи сентимелнатлна вредност, семејна традиција и е подарен од срце и со многу љубов, а љубовта е она што се цени најмногу пред материјалните работи, зар не?