Зошто Божиќ во светот се слави на 25 Декември?

од  |  0 коментари

Божиќ се слави за да се запамети раѓањето на Исус Христос, за кого Христијаните веруваат дека е синот на Бог. Името Christmas (анг) – Божиќ (мак)  доаѓа од Бог, а по традиција се случува за време на заоѓањето на сонцето и пред изгревањето на новото Сонце наредниот ден, односно за време на полноќ. Божиќ е период кој во светот постана толку голема традиција што веќе не се слави само од Христијаните, се слави од целиот народ затоа што всушност претставува период од годината кога семејствата се собираат заедно, луѓето си даруваат подароци и се заблагодаруваат за завршетокот на старата и доаѓањето на Новата Година. Првото славење на Божиќ започнало на 25 Декември во 336 година од нашата ера за време на императорот Константин кој бил првиот Римо-Христијански император. По неколку години папата Јулијус официјално го прогласил 25 Декември како датум на раѓањето на синот Божји. Постојат доста приказни и стории кои укажуваат зошто раѓањето на Исус се слави на 25 иако во Библијата јасно и прецизно тој датум не е утврден.

Првата легенда за раѓањето на Исус се поврзува со легендата дека Марија (мајката господова) имала визија на 25 Март дека ќе роди специјална рожба, дека ќе го роди синот Божји, зачнат од ангелот , па девет месеци по тој датум е датумот 25 Декември . Исто така постои и верување дека на 25 Март бил и точниот датум кога Исус бил распнат и починал, што е тесно поврзано и со датумот на неговото раѓање и умирање.

Датумот на раѓањето на Исус е поврзан со зимската краткодневница која паганските Римјани ја славеле по повод раѓањето на паганскиот бог на сонцето од Митра, кое уверува дека светиот ден на создавањето на светот се случува во Недела а од таму започнува и создавањето на светот.

Ито како и што периодот пред Исус се рачуна за период пред нашата ера, а периодот по раѓањето на Исус ги одбележува годините од нашето постоење. Ханука е празник од еврејскиот календар започнува на 25 Декември, а исто така поради основната причина што Исус бил воедно и евреин овој датум се асоцира со неговото раѓање.Поголемиот дел од популацијата во светот го користи Грегорианскиот календар имплементиран од страна на Папата Гергориј XIII во 1582 година, а претходно бил користен Римјанскиот односно Јулијанскиот календар кој е крстен така по Цезар. Грегоријанскиот календар е поточен за разлика од Романскиот Календар кој има премногу денови во годината, односно во Англија на пример промената на календарското сметање на времето било направено во 1752 година кога денот на 2 септември во 1752 година се променило во 14 Септември 1752 година наредниот ден.

Па кога тогаш точно е роден Исус? Исус бил роден во пештера со овци во неа па затоа не е веројатно дека е роден во зима туку во потопло време затоа што овчарите не ги чуваат тој период на рид поради големите врнежи на снег како што е опишано во приказната за Исус. Раѓањето на Исус го најавил овчар, што инаку по правило не било период во годината овчарите ги паселе своите стада, односно ги паселе од пролет па се до крајот на есента. Без разлика на кој датум се слави Божиќ е време на двање, време на среќа, време за семејството и најблиските и време за многу среќа и љубов. Нека им е честит на сите кои го слават ширум светот.