Вистини за врските кои ги научивме од култниот филм Сексот и градот
Сексот и Градот постана пример за култна серија за млади девојки и жени и нивните реални проблеми и предизвици во животот. Овој филм без разлика на неговиот наслов и тематика, во основа имаше поучна цел на реалните девојки да им даде пример за реланите проблеми во модерните врски и време.
Прочитајте го нашиот избор на сцени и вистини за врските од Сексот и Градот во кои секоја вистинска жена може да се пронајде:
1. ” Ние жените плачеме и се жалиме и кога сме во врска, а и кога не сме “– Миранда
2. “Без разлика на вашиот сегашен статус, не треба да знаете и да премногу информации за новата нова девојка” – Кери
3.Кога некој ќе ве повреди многу ова е прашањето кое треба да си го поставите на себе: “Дали некогаш можете да му простите на некого, ако вистински не можете да заборавите? “- Кери
4. Никогаш не бидете вториот избор, и љубовницата, бидете девојката која тој сака да ја ожени.
5. Кога на вас наидува бившиот дечко кој ја повредил премногу вашата најдобра пријателка не му велете здраво, покажете му во лице што мислите за него без да бидете лицемерни . ( Кога Шарлот после долгото размислување ќе му рече на Big : “Го проколнувам денот кога си се родил”, откако тој ја остави Кери пред олтарот) Вие нормално не треба толку буквални да бидете кон него, но не морате да му бидете и најдобри пријателки нему.
6. Некогаш вистинската личност била цело време пред вас – ” Можеби секогаш не постојат правилни правилни прашања, правилни одговори, правилни моменти и правилни момци”- Кери
7. Во врската некогаш треба да застанеме и зад своите ставови па и по цена на врската. ” Те сакам, но се сакам себе си повеќе” – Саманта
8. Секоја врска е комплицирана, па дури и вашите најдобри пријатели неможат понекогаш да ги знаат вистинските одговори кои вам ви требаат. ” Само јас и ти знаеме што реално се случи помеѓу нас, а не твоите пријателки”– Стив
9. Кога некој не се труди да ви се јави не значи само дека се прави недостижен, едноставно не е заинтересиран!
10. Кога скоро сте излегле од некоја врска најтешкиот дел е да започнете да се заинтересирате за некој друг и емоционално да сте ослободени.
11. Вашиот бивш дечко никогаш нема да најде подобра од вас, верувајте!
12. Најтешкиот и најстрашниот дел кога ќе сватите дека сакате некого е делот кога не знаете дали и тој вас ве сака.
13. “Поентата на секоја сериозна врска е поддржување на смешните соништа и надежи на другиот“- Миранда
14. Љубовта не е секогаш мед и млеко, за љубов треба и солзи и насмевки!
15. Некогаш тоа што ќе се промените себе си и не е толку добро за вас. “По неколку дена сватив дека можам да променам еден маж, а со тоа веќе не ме бара” – Кери
16.Тешко е да пронајдете луѓе кои вистински ќе ве сакаат без разлика на секоја ваша маана и доблест без да ви замеруваат за се, а тоа се секогаш вашите најдобри пријатели. “Врските доаѓаат и си одат, а пријателите секогаш остануваат во мода”- Саманта
17. Некогаш најбитната врска која треба да ја имате во вашиот живот е таа со самите себе, затоа почитувајте се самите повеќе,
“…А ако најдете некого кој ке се вљуби во вас заради тоа што вие сте, па тоа е веќе повеќе од прекрасно ….” – Кери