А зошто си сеуште “сингл”?

од  |  0 коментари

Ако сте навистина сингл тогаш ова прашање сте го слушнале милион пати. и сигурно тоа вас многу ве нервира и личноста која ве прашува радо би ја отерале… Во земјата Недојдија! Но без нервирање! Ќе ви предложиме ние како на тоа да одговорите, а вие одберете го својот омилен одговор, или повеќе од нив.

Кога следниот пат ќе ве прашаат “A зошто сте сеуште сингл?”, вие вака одговорете им:

А зошто ти имаш дечко?

А зошто ти си сеуште мажена/оженет?

Многу сакам да се ширам во својот кревет.
… Бидејќи сум многу паметна.

Тешко ми е да одлучам кој да го изберам!

…Зошто сум премногу убава.

Треба да бидам само со еден тип?

Што? И да останам без добар секс?

За моите родители да има за што да живеат.

Сеуште не сум се откажал/а од љубовта.

Веројатно имам среќа.

Благодарам многу, доволен ми е сопствениот веш за перење.

Зар ти нешто ми предлагаш?

Никако да ми здосади од забави и лудување секоја ноќ.

Чекам ти да се разведеш, па да се омажам за твојот сопруг.

Затоа што животот и вака е убав.

Нема некој што ќе ме истрпи.

Не постои подобар начин да го упропастиш летото.

Што? Сакаш да бидиме заедно?

Бидејќи го барам Donald Trump со мозок на Никола тесла во тело на Ryan Reynolds но без заканувачки психолошки дефекти.

Бидејќи девојката не ми дозволува.

Зошто мажите не ми дозволуваат да ги врзам за кревет.

Зошто полигамијата сеуште не е легална.