Како љубовта делува на човечкиот организам

од  |  0 коментари

Дали некогаш сте биле лудо заљубени? Дали сте биле заслепени од љубов? Дали сте биле болни од љубов? Научниците покажуваат дека ваквите фрази, всушност, имаат своја основа. Интензивните љубовни чуства можат да го доведат во неред и умот и телото – може да делуваат на начинот на кој зборуваме, како и на начинот на кој одиме.

1.Заради љубов стануваме  “ПОГЛУПИ”

Студиите покажале дека луѓето кои се страшно заљубени имаат намалена способност за функционирање и извршување на задачите кои бараат 100% внимание.

2. Љубовта ве “ИЗДИГНУВА”

Научниците користеле магнетна резонанца за да го докажат ова тврдење.

Кога сме лудо заљубени , се активира оној дел од нервниот систем во мозокот кој е поврзан со зависноста од кокаинот, поради кој доаѓа до чуство на еуфорија, и можете да осетите како да одите над земјата.

3. Помалку сте осетливи на болка

Помали ви се потребите од аналгетици. Некои зони на мозокот ги активираат чуствата за интензивна љубов исто како и оние лекови кои ги намалуваат болките.

4. Кога мажите се заљубени се движат побавно

Истражувачите откриле дека мажите ја прилагодуваат брзината на движење исто како и движењето на нивната избраничка.

5. Љубовта го дефинира отчукувањето на срцето

Истражувањата откриле дека кај заљубените парови се ускладени отчукувањата на срцето. Колку романтично!

6. Гласот се менува

Жените почнуваат да зборуваат погласно. Исто така, гласовите на паровите понекогаш почнуваат да личат, за да покажат дека се на иста бранова должина.

7. Љубовта не заслепува

Некои истражувања покажале дека оние кои се во цврста и стабилна врска несвесно го насочуваат погледот кон атрактивните припадници на спротивниот пол.

8. Не претвора во супер херои
Сите сме слушнале за бајки во кои витезите со сјајни оклопи ризикуваат се што имаат за својата сакана. Научниците покажале дека ваквото однесување станува нормално кај мажите кои ризикуваат.

9. Зениците се шират

Оваа појава ја потврдува изреката дека очите се огледало на душата. Истражувањата покажале дека ширењето на зениците има врска со интензивната емотивна состојба.