Ти си оној вистински – избор на партнерот

од  |  0 коментари

Во последно време се е повеќе на оние кои пливаат во морето на обврски. Поради малку слободно време и поради отуѓеноста, немаат прилика да запознаат и да ја препознаат сродната душа со која би оствариле љубовна врска за која сонуваат.

Изборот на партнерот зависи од тоа што секој поединец мисли за партнерските односи, бракот, семејството зависно од културолошките стереотипи кои им имаа пренесено родителите.

Потикнувачка семејна клима

Потикнувачка семејна клима даваа доволно добра подлога за зрел избор на партнерот. Кога во семејството односите се ладни и конфликтни, може да се случи да се појават проблеми на полето на изборот на партнерот.

Тамо каде што е клима на семејните односи потикнувачка, децата се развиваат во зрели и емотивно стабилни личности, кои се спремни да ја дадат, примат и разменуваат љубовта и да слободно идат кон нивниот избор не сопрени од родителите. Во семејството каде што се односите дистанцирани и конфликтни деца можат да изберат опција да не засновуваат брак и семејство поради лоши искуства или да изберат партнер кои се потполно спротивни во однос на она што нивните родители го имаат избрано. На пример доколку таткото беше доминантен, а мајката зависна од него, ќерката нема да се одлучи за доминантен маж.

Зрел избор на партнерот

Зрелоста за избор на партнер е значајно поврзано со развојот на самосвеста, односно со реалната слика за себе и реални очекувања од себеси и од другите, како и со развојот на емпатија ( сочувство ) за потребите на другите и преземање на одговорност за своето однесување и емоции, добро владеење на комуникациски вештини. Сите овие способности можат да се усовршат низ процес на социјално учење во текот на целиот живот.

Тест проба

Психолозите советуваат да се при изборот на партнер се засновува на што поголем број на сличности, и тоа во однос на : особини на личноста, очекување од партнерскиот однос, животни интереси и цели и се препорачува искуство на заеднички живот пред да се донесе конечната одлука за брак – за да партнерите се запознаат и да имаат прилика да проверат дали имаат направено вистинскиот избор.

Би требало секој пар да бидат во врска шест месеци до година дена, и исто така да поминат во заедничкиот живот. Нема потреба од брзање, затоа што е потребно време да се парот ускладат и да донесат одлука дали се едни за друго.

Одвојување од примарното семејство

Еден од предусловите кои треба да исполнува личност зрела за избор на партнер е успешно завршен процес на индивидуализација и сепарација – психичкото одвојување од својата примарно семејство, дали личноста може потполно да се потпри на себе, дали е потполно формирана како индивидуа и дали има слобода да создава независни односи од други луѓе и секако од својата примарно семејство. Иако тој процес б требало да се заврши кон крајот на адолесценцијата, околу 24 година, во нашите општествени околности често се завршува покасно. Во нашето културолошко милје децата во главно немаат услови да се одвојат физички од родителите и да бидат економски независни, а родителите често настојуваат да градат и психолошка зависност.

Важни елементи на добриот избор

  • Проценка на спремноста за компромиси и надминување на разликите.
  • Ускладување на заеднички и поединечни личен развој.
  • Инвестирање во себе во негување на хармонични партнерски односи.